е- задача – НОВИНАРСКА СТАТИЈА

Учениците од VIII одделение на часот по македонски јазик беа во улога на новинари. Нивните мудри глави создадоа интересни новнинарски статии. Најдобрите статии се:

Новинарска статија од ученичката Лиле Димкоска VIII-3


Денот на дрвото, овој ден и некои интересни факти за дрвјата

           На 23 ноември, во среда, ќе биде денот на дрвото. Тоа е државен празник, така што особено ангажирани ќе бидат учениците и наставниците од општинските училишта. Акцијата Ден на дрвото – Засади ја својата иднина е акција поддржана од Владата на Република Македонија, која што го определи денот на одржување на акцијата.

      Идејата се родила во август 2007 година, кога идејниот татко на акцијата, амбасадорот на мирот на UNESCO, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов, трогнат од огромните катастрофални пожари, кои 2006 и 2007 ја соголија и опустошија Република Македонија, добива благородна идеја и поттикнува проект за масовно засадување на голините и опустошените планини.
Незаборавната изјава на уметникот дека „Не сме само ние жители на планет
ата, и шумите се жители како и ние“ –  и дека „Треба да се прогласи ден на жалост кога масовно умираат шумите“ – ја зароди и осемени големата идеја кон реализација. Иницијатива на господинот Трајанов, ја прифатија група ентузијасти, започнувајќи го проектот Ден на дрвото – засади ја својата иднина.

Пошумувањето е од особена важност за планетата земја и сите живи организми на неа. Еве некои интересни факти за важноста на дрвјата:

  • едно просечно дрво може да произведе 120 килограми кислород годишно;
  • едно дрво годишно апсорбира онолку јаглероден диоксид колку што произведува автомобил кој поминува 13 700 километри;
  • просечно дрво произведува има доволно дрвна маса за производство на 170 000 моливи.
  • највисокото дрво во светот е Секвојата, една единка во Калифорнија е висока повеќе од 110 метри;
  • рециклирањето на еден тон хартија може да спаси околу 17 дрва;
  • дрвата се организмите кои живеат најдолго на планетата;
  • просечно дрво во градските средини може да живее во просек околу 8 години;
  • најголемиот дел од кореновиот систем на едно дрво, корените кои ја влечат храната од почвата се наоѓаат во првите дваесет сантиметри под површината на земјата
  • се проценува дека постојат близу 100 000 различни видови на дрва во светот.

Новинарска статија од ученичката Емилија Чавлеска

  Фудбалерките од Климент Охридски

 

На 24.11.2011 во спортската сала ,,Маркови Кули“ на градскиот базен ќе се одигра фудбалски натпревар за девојчиња. Како и на сите спортски натпревари, така и на овој натпревар ќе учествува и женската екипа за фудбал на ОOУ Климент Охридски.

Тие ќе бидат облечени во портокалови дресови и црвени шорцеви, кои неодамна пристигнаа во училиштето.

На 23.11.2011 по повод ,,Денот на дрвото“ учениците ќе бидат ослободени од настава и дел од нив ќе засадуваат дрвца, а преостанатите ќе се погрижат да ги исчистат кабинетите во училиштата.

Па девојчињата од ОOУ „Климент Охридски“ се организираа да го искористат слободниот ден и да тренираат за престојаниот натпревар.

Се надеваме дека ќе победат и ќе го однесат првото место во Мал фудбал во женска категорија.

Со оваа статија ве повикуваме и вас да навивате за ,,фудбалерките“ и да ги бодрите да победат. Се надеваме дека нема да не разочараат.

 

Новинарска статија од ученикот Јане Јанески VIII – 2

 

Р.К. „Филип 07“ со нова победа

 

Ракометниот клуб „Филип 07“ остана единствена машка ракометна екипа која се натпреварува во лигата по згаснувањето на Р.К. „Златен даб“.

Р.К. „Филип 07“е втор на табелата во втората група од младинска лига. Тренерот А.Т. е задоволен од играта на играчите.  Тој вели дека сè уште е рано да го даде списокот на играчи во тимот. Во натпреварот од првото коло од втората полусезона Р.К. „Филип 07“ го совлада фаворитот Р.К. „Пелистер“ со убедливи 25-18 и се искачи на втората позиција. Првите две места од оваа западна младинска лига одат понатаму и се натпреваруваат во фајнал фор, за најдобра екипа во Македонија.

„Само со ваква игра можеме да го задржиме второто место и ќе имаме реални шанси за освојување на првото место, со што го добиваме полесниот противник во понатамошната фаза.“- изјави  тренерот А.Т. Во следното коло прилепските ракометари ги очекува тежок натпревар против Р.К. „Младост“ од Ресен, кој ќе се игра на гостински терен.

„Иако е тежок натпреварот, одиме за победа, да ги земеме трите бодови, па со евентуален пораз на Р.К. „Пелистер“, кои се први во групата, да се искачиме на првата позиција.“- надополнува А.Т.

Играчите на Р.К. „Филип 07“ заедно со тренерот  и претседателот на клубот, по завршувањето на сезоната ги чека тежок турнир во Белград, Србија, во кој домаќин ќе биде Р.К. „Ѕвезда“.

One thought on “е- задача – НОВИНАРСКА СТАТИЈА

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s