Минатата учебна година, ученици од нашето училиште зедоа учество на интернационалниот thinkquest – натпревар. На едукативната страница http://www.thinkquest.org. го претставија проектот Welcome to Prilep. Идејата беше да се направи брошура која ќе им биде корисна на странците што доаѓаат во Прилеп. Учениците: Петар Тодороски, Павлинче Секулоска, Љубен Ангелески, Александар Костоски и Верица Попоска направија темелни истаражувања, сето тоа убаво го вклопија и го ставија на проект -страната. Откако ги изделија најважните и најосновните информации за нашиот град, тие ги вметнаа во малата брошура (флаер), која што сами ја дизајнираа. Брошурата може да се види на овој линк мала брошура за Прилеп