МОЈОТ ПРОНАЈДОК ЌЕ ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ

На часот по изразување и творење учениците измислуваа пронајдоци кои ќе го променат светот во идината. Инспирирани од научно-фантастичните романи за кои што учевме, измислувавме пронајдоци за кои што, имајќи го предвид Жил Верн 🙂 се надеваме дека еден ден навистина ќе ги има.

Еве некој од нашите идеи:

Мојот пронајдок го промени светот

        Мојот пронајдок е навидум обичен ранец, но кога ќе се притисне стартното копче, тој се расклопува и се претвора во две крилја. Рачките на ранецот кои стојат околу рамената имаат два продолжетоци кои безболно се прикачуваат на дланките и така брзината на машината е контролирана од волјата, а нејзиното вртење од движењето на рацете. Што се однесува до начинот на работа, машината работи на нуклеарна енергија, т.е. не испушта никакви гасови или било какви други штетни материи кои би загадувале. Сметам дека благодарение на овој пронајдок ќе дишеме почист воздух, а озонската обвивка нема да се оштетува и со тоа штетните ултравиолетови зраци нема да стигнуваат до нас.

Лиле Димкоска VIII – 3

Во 2012  година   започнав  да    го  правам   проектот   „3D   со   мирис“.  Тоа  беше  телевизор што емитува 3D телевизија што пушта мирис. Ваквиот телевизор не беше како другите телевизори што емитуваат тридемензионална слика. Со овај телевизор кога ќе ги ставиш очилата исчезнува се друго освен сликата на екранот, а на човекот што гледа телевизија му се чини дека е реалност.

Во  телевизорот  имаше преку  100  матични  плочи.   Имаше  петнаесет  јадра  со  брзина  од  20000  GHz. Телевизорот беше на „тач“ и беше како компјутер. Имаше можност да му се стави картичка од мобилен и истовремено можеше да функционира како телефон.

Мојот  пронајдок  за брзо  време  почна  да  се  користи  во многу кина и други компании. Се градеа огромни кино сали за околу 50000 луѓе.  После  пет  години  откако  излезе  овај  телевизор  околу  97  %  од  населението  во  светот во својот дом го имаше овај  телевизор.

Бојан Илиоски VIII – 2

 

 Јас пронајдов машина за производство на свежо овошје. Машината е висока 10m, широка 5m и долга е 20m. Работи на сила од 6000v (вати) струја. На неа работат роботи, но може да работат и луѓе, но им треба заштитна опрема поради големата јачина на струја. Кај машината е многу интересно тоа што таа во зима произведува: Лубеници, Дињи, Јаготки, Праски, Кајсии и сл., а пак во лето произведува: Јаболка, Портокали, Киви и сл. Јас оваа машина ја имав направено само во еден примерок и се наоѓаше во мојот дом. Сите скици и цртежи што ги направив додека ја правев машината ги чував затоа што ако се расипи да знам кој дел каде е за побрзо да ја поправам. Вестите на 3 Април 2011 година многу ме вознемирија затоа што рекоа дека овошјето глобално е оскапено така што само богатите луѓе можеа да го купат. Тогаш јас си реков: Зошто да биде ова така, јас со мојата машина за овошје ќе го сменам ова. И така направив, ја товарив машината и отидов во Америка и ја промовирав машината. На промоцијата имаше фирми кои се занимаваа со производство на овошје .Кога ја видоа мојата машина тие многу се изненадија, но воедно и многу фирми порачаа да доставам по една машина во нивните фабрики. Истото го направив и во други земји и јас мислам дека со тоа го променив светот и сум многу задоволен.

 Александар Костоски  VIII – 2

 

Многу луѓе сакаат да патуваат низ светот, но за тоа треба да платат многу пари. Поради тоа јас измислив една машина која е во вид на прстен, со која што можеш да одиш каде ќе посакаш без да платиш многу пари за авионски билет и нема да патуваш многу долго, туку само една минута. За да стасаш од едно до друго место за толку кратко време треба само да  го ставиш прстенот на прстот и да го кажеш местото каде сакаш да одиш и после една минута ти ќе се најдеш на тоа место. Со оваа моја машина луѓето одат секаде низ светот, посетуваат различни места, запознаваат различни луѓе, и сето тоа го прават бесплатно.

Маријана Димоска VIII-2

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s