Овогодинештната Годишна програма на нашето училиште имаше прекрасно мото: ДА СЕ САКАМЕ, тоа беше идеја на нашата наставничка по француски јазик, Ленче Вренцоска, која ја промовира во точката посветена на говорот на Виктор Иго, многу години пред да се создаде Европската Унија, овој голем ум го дава тој предлог за збратимување. Основа на тоа збратимување е нашето мото ДА СЕ САКАМЕ.
Навистина, во едно вакво време, во кое уште треперат бури од нетрпеливост, можеме да го преживееме само ако се сакаме меѓусебе.
Затоа нашето училиште реши да ја напише оваа мировна порака на сите јазици што се користат во нашето училиште и во нашата држава. Тоа е само еден знак на добра волја, знак дека се радуваме на мултикултурното и мултиентичкото општество во кое што живееме и дека сакаме сите заедно да живееме во мир и слога.
Годишната програма помина прекрасно, водена беше од осмоодделенците од драмската секција, необично водење – низ драматизации и разговори, за прв пат на едно вакво слување. Сето тоа беше проследено со позитивни критики и силен аплауз. Нашата драмска секција се претстави со драматизацијата „Писмо“. Повторно покажаа дека се големи надежи на драмската уметност во нашиот град.