Нашето училиште денес имаше три прекрасни поводи за славење. Сите три еднакво и достојно ги одбележа. Најпрво со свечена програма беше чествуван СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ, потоа на сите дечиња од училиштето им се честита ДЕТСКАТА НЕДЕЛА и на крајот нашите драги првачиња беа собрани во наставничката канцеларија каде што им беше приредена кратка програма од своите постари другарчиња. Поводот беше делење на ученичките легитимации. Овие мали и слатки првачиња добија „пасош“ за престој во светот на знаењето. Дел од прекрасната ќе ви го доловиме со долуприкажаните фотографии и едно видео од прекрасниот настап на „Кирилица“ од Влатко Стефановски.