Во соработка со наставникот по ликовно образование Дарко Талески, нашето училиште зеде учество во проектот Fun education stop motion animation, проект кој е направен од наставници и ученици и има освоено прво место на Европскиот Форумот за иновативни наставници.
Неколку наставници од училиштето по различни предмети направивме видеа со определени наставни единици кои можеме да ги коиристим во наставата.
Јас ја зедов наставната единица Поим за романса. Песната која што ја обработуваме на час се вика „Стојан и Бојана“
Во овој проект учествуваа учениците:
Антонио Илиоски VIII одд. – како наратор
Катерина Паскоска VIII одд. – цртежи
Гордана Иваноска, Евгенија Јакимоска и Теа Велкоска од VII одд. поместување на фигури и фотографирање.