Учениците од осмите одделенија денес беа во посета на Противпожарната станица во Прилеп. Станицата има нови простории кои овозможуваат подобри услови за работа. Бевме топло примени од командирот Станко Колески – на кој му се заблагодаруваме срдечно за времето што го оддели и за едукатицијата која што децата на практичен начин ја стекнаа. Овој отворен час покажа дека дечињата учат многу повеќе кога има различна атмосфера од училничката и кога пред нив стојат професионалци во областа која им е наставна единица.
Ги гледам сликиве и се присеќавам на исклучителниот момент што го имавме со втората група ученици… всушност, додека опуштено ги слушавме пожарникарите како функционира Службата, заѕвони звоното и сите во дел од секунда се избезумувме и почнавме да трчаме во различни правци… јас, заедно со мојот Горјан (кој беше уште фетус 🙂 исто така избезумено трчавме. Пожарникарите за неполни 20 секунди беа спремни и тргнуваа, а за среќа, дежурниот пожарникар, приземен, сталожен, не` собра, не` смири и рече: „Еве ученици имавте можност да видите како изгледа една интервенција“ – уф… беа тоа моменти за паметење 🙂