Учениците имаа задача дома да поразговараат со родителите, гугал, википедија или некој близок за следниве поими:
- Ти си работник во фабриката за производство на колачи. Работиш 10 часа на ден. Платата ти е мала и едвај успеваш да го прехраниш семејството:
На секоја прочитана изјава учениците ако според својата улога можат да си дозволат да ја исполнат изјавата, стануваат. Ако не можат, седат и чекаат наредна изјава.
Од оваа активност произлегуваат многу прашања: Кои беа тие што не станаа воопшто? Кои беа тие што стануваа постојано? А тие што станаа неколку пати? Произлегуваат општествените проблеми, класната нееднаквост, незадоволството, или со други зборови произлегуваат карактеристиките на социјалните песни:
Социјалните песни се лирски песни во кои се пее за општествените проблеми: најчесто сиромаштијата и злоупотребата на работникот, кои што произлегуваат од нееднаквата положба на луѓето, од нивниот различен статус во општеството.
Во нив се искажува ставот и реакцијата на лирскиот субјект кон општествените појави и неправди.
Примери за социјални песни:
Како завршна активност учениците добиваат наставен лист (Дневник на двоен запис) со кој наставничката проверува дали уечниците знаат да ги препознаваат социјалните мотиви, но и веќе учените: љубовни, пејзажни и родољубиви.
дневник-со-двоен-запис 1СОЦИЈАЛНИ ПЕСНИ
дневник-со-двоен-запис 2 СОЦИЈАЛНИ ПЕСНИ