Сите стојат во круг. Почнува еден ученик со тоа што кажува каде ја фрла топката (кон некој друг ученик/ученичка) и при тоа кажува некоја позитивна особина или нешто добро што направил ученикот кон кого што ја фрла топката. Ако еднаш некој фрлил топка кон едно дете, тоа дете не може повеќе да прима топка и од другите деца.
Потоа секој ученик поминува низ линијата од особини на тој начин што кажува: „Мојот пријател треба да биде…“ и селективно стапнува на оние особини што ги смета за многу битни за неговото пријателство. Кога ќе стапне на онаа што ја смета за најбитна, кратко објаснува зошто му е важна токму таа особина за неговото пријателство.
Откако сите ќе поминат низ линијата на пријателството, се поведува дискусија околу следните прашања:
Кои особини ви беа најважни? На кои листови најмногу застанувавте?
Дали на сите ни беа важни истите особини?
Зошто особината ………. е важно да ја имаат нашите другари? (За секоја
наведена особина посебно се проверува.)
Сите добиваат по еден лист хартија кој се закачува на грб. Потоа, со слободно движење низ просторијата, сите ќе треба да напишат по една позитивна и убава порака на листот на секој ученик.
Потоа секој ученик го вади листот од грботи и си ги чита пораките. Најубавите ги споделува со групата.