Ова е часот со кој учествував (заедно со VI – 1 одделение) на конкурсот произлезен од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието имплементиран од страна на Македонски центар за граѓанско образование. Часот ќе биде дел од Фестивалот за иновативни практики за меѓуетничка интеграција во образованието: „Преку иновација до подобра интеграција”.
Почитувана наставничке,со вашиот блог вие допринесовте јас како родител да бидам информирана колку квалитетна настава добива моето дете на вашите часови.Се восхитувам на вашата креативност,ентузијазам и љубов кон професијата.Ви благодарам што ги образувате и воспитувате нашите деца адекватно на денешното живеење.