Ученичката Јована Стојческа од IX – 4 одделение е добитник на две награди (две втори места) на литературните конкурси по повод патроните празници на училиштата: „Добре Јованоски“ – Прилеп и средното училиште „Наум Наумовски – Борче“
Честитки за ученичката, нека ја следат уште многу успеси!
Наградените песни:
За Крушево
На Втори август Илинден светол
Крушево слави секое лето.
Се собираат сите, младо и старо,
насмеани, среќни, со насмевка ведра
на Мечкин Камен, споменик знаен
го празнуваат секој Илинден значаен.
Во илјада деветстотини и трета
година мачна, година клета,
во Крушево гратче славно,
се создала република рамноправно.
Никола Карев бил нејзин претседател прв
кој во нерамна борба со турски аскер
деветстотини и петта ја пролеал својата крв.
Питу Гули, војвода Илинденски
одел гордо напред со својата чета,
но на Мечкин Камен тој храбро загинал
од турската рака клета.
Крушево-гратче на Балканот мало,
и други познати личности дало.
Една од нив беше и нашиот Тоше,
ангел со милозвучен глас
кој со сите негови испеани песни
не` мамеше сите нас.
Но и тој на небото ангел стана,
ни остави во срцето длабока рана.
Останаа песните да ги пееме,
зашто само така душата да си ја залечиме ќе успееме.
И денес, ако појдеш во ова гратче мало,
потсети се што тоа во историјата дало.
На Мечкин Камен, Македониум и гробот на Тоше појди
и оттаму со убави спомени дојди.
Сето тоа врежи го во срцето,
сеќавај се на Крушево со насмевка на лицето.
Што е слободата
Слободата е шарено цвеќе
во градина што цвета,
слободата е златокрила птица
на небо слободно што лета.
Таа е сонце што силно не грее,
таа е детенце што милозвучна песна пее.
Во ливада црвена булка,
бебе што мирно спие во лулка.
Ветар што знаменце вее,
мајка што над сите нас бдее.
Бистра вода што течи,
песна што насекаде ечи.
Насмевка на лице што царува,
подарок на сите што се дарува.
Низ ливада што шета девојка мила
облечена во фустан од свила.
Птици што сакаат слободен лет,
деца што барат слободен и мирен свет.
Ајде сега да се фатиме рака за рака
без никаква тешкотија и мака,
орото на слободата да го развееме
за неа песна да запееме