Проектот CINEDIVERSITY е проект на USAID за граѓанско учество преку стипендирање на млади преку LEAD MK програма, со цел младите, во рамки на нивни проекти, да придонесат во напредок на општеството на културното и образовното ниво.
Нашата поранешна ученичка Анастасија Бошкоска, како координатор на проектот ни овозможи да реализираме прекрасна активност.
Ученици од ООУ „Добре Јованоски“ и ООУ „Климент Охридски“ заеднички работеа на кратки stop motion – филмови кои сами ги смислија.
Активностите беа проследени со игри за запознавање и градење на група. Учесниците беа ученици од различни етнички групи и во групите имаше и инклузирани ученици кои го збогатија настанот и придонесоа финалниот производ да биде уште поубав.
Соработката со колешката Падне Николоска продолжува, а поддршката од дефектологот Светлана Миоковиќ – Томеска е многу значајна.