Учество на конференцијата „Развојните потреби во процесот на меѓуетничкa интеграција во образованието“

 

_DRG3894.jpgНа 12.6.2018 во хотелот „Холидеј Ин“ бев дел од конференцијата „Развојните потреби во процесот на меѓуетничкa интеграција во образованието“. Конференција која е реализирана од здружението Мировна Акција и Центарот за мировни студии од Загреб, дел од проектот Поддршка на процесот на интегрирано образование во училиштата.

На настанот се зборуваше за:

  • Значењето на процесот на меѓуетничка интеграција во образованието
  • Предизвици во спроведувањето на меѓуетничка интеграција во образованието (МИО)
  • Иднина и развој на интегрираното меѓуетничко образование во Македонија
  • Позитивни искуства во спроведување на меѓуетничкото образование

Како панелисти, но и како учесници во дискусиите беа многу значајни луѓе од образованието и невладиниот сектор, како на пример: Софи Бомонт (Програмски менаџер – Делегација на ЕУ), Зеќирија Хасипи (Директор на Бирото за развој на образованието), Антонела Стојаноска (Државен просветен инспекторат), Надица Костоска (Министерството за образование и наука), Ванчо Петрушевски (Заменик директор на Бирото за развој на образованието, Небојша Мојсовски (Македонски центар за граѓанско образование), Ана Битољану (Прва детска амбасада во светот Меѓаши), Ивана Милас (Нансен Дијалог Центар Хрватска), претставници од невладини организиации кои делуваат во оваа област, но и најмногу значајните за овој процес: наставниците и професорите заедно со нивните директори, кои беа дел од проектот.

Низ дискусиите се отворија многу прашања кои нЕ мачат низ процесот кој веќе пет години е дел од образовниот систем. Се заклучи дека тоа е многу важен процес кој е поврзан со иднината на оваа земја, но и процес кој не треба да се истурка на сила.

Незадоволството за задолжителноста, немањето финансиски средства и несоодветната едукација на наставниците за овој тип активности беа клучните работи кои го туркаат овој процес кон форма и прават контра ефекти.

Сепак, присутните натавници и професори, веќе докажани „борци“ во ова поле искажаа позитивни практики и споделија со сите сработени активности кои го красеа ѕидот на работната сала.

Еден прекрасен проект, една прекрасна конференција и можност за дискусија и повторно среќавање со новите пријатели.

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s