Во рамките на училишниот актив од јазичното, естетското и општественото подрачје, беше изведено кратко предавање во кое се претстави интернет страницата http://www.centropa.org. Порталот „Центропа
Присутните наставници беа запознати со материјалите кои се дел од страницата, а кои можат да се користат на часовите по: историја, граѓанско образование, македонски јазик, англиски јазик, германски јазик, француски јазик, историја на религии и сл.
Исто така, во рамките на предавањето на колегите им беше претставена целта и постоењето на Институтот Центропа, координаторите и програмите на за наставници.
Наставниците го гледаа и часот реализиран од Јулијана Талеска и Каролина Јовеска, користејќи ја патувачката изложба „Изгубениот свет на сафардските Евреи“ и беа запознати дека нивните часови можат да ги прават и да ги испратат до координаторот за Македонија.