Наставниците од ООУ „Климент Охридски“ им испратија порака на своите ученици

конечен колаж Климент Охридски

Сведоци сме на безброј пораки, видеа, фотографии… кои шират емпатија и храбрат да се издржи во ситуацијата во која веќе некое време сме западнати.

Ова чудно време сите нЕ загрижува и обременува. Тука особено се погодени учениците, на кои им е скратена слободата што ја имаа. Истовремено се обременети со новиот начин на изведување на наставата.

Истата судбина ја имаме и ние наставниците. Сите заедно пливаме во немирните води во кои сме принудно. Затоа пораките се показател за грижа, за мислење за некого… за поддршка и соочување со истата мака.

Една таква порака-колаж направија наставниците во германското училиште Dietrich-Bonhoeffer-Schule (Lich), во кое работи Андријана Атанасоска, поранешна ученичка во ООУ „Климент Охридски“, а сега професор по математика и физичко образование.

примерот од Германците

Овој колаж наишол на позитивни реакции и покренал таков предизвик ширум Германија. Тој предизвик дојде преку неа и кај нас. Па ние, наставниците од ООУ „Климент Охридски“ решивме да испратиме колаж-порака со која ги храбриме нашите ученици, но и ги поттикнуваме на трпение и посветеност, поддршка на семејствата и љубов кон сите.

Се надеваме дека овој постер ќе ги стопли нивните срца и ќе најдат сила да издржат. Ќе ни бидат нам смисла, за и ние да издржиме.

This slideshow requires JavaScript.

Пораката: Ученици, во овие чудни времиња, само: љубовта, посветеноста, поддршката и трпеливоста можат да го победат секое зло. Бидете силни! Вашите наставници!

 

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s