На 24.12.2020 со учениците од VII – 4 одделение имавме прекрасен час, благодарение на колегата Дарко Талески. Часот беше наменет учениците да се запознаат со stop motion – техниката за правење анимации, поточно учениците да научат како да направат краток анимиран филм.
Колегата по ликовно образование Дарко Талески радо го прифати мојот предлог, на што сум особено радосна.
Учениците научија
- што е тоа stop motion анимација
- кои се видовите на stop motion анимација
- како сами да направам анимација со телефон или таблет

Stop motion анимација е вид на анимација во која предметите физички се манипулираат (се поместуваат) во мали чекори и при секое поместување се фотографираат со цел да се добие движење или некоја друга промена.
Така, може да се анимира било каков вид на предмет, но најчесто се користат кукли со подвижни споеви или фигури изработени од пластелин. Како материјали исто така може да се користи: хартија, ткаенини, фотографии и друго.
Видови на stop motion анимации:
- Предмет – движење анимација (Object-Motion)
- Анимација од глина (Claymation)
- Анимација со пикеселација (Pixilation Stop Motion)
- Анимација со исечоци (Cutout Animation)
- Куклена анимација (Puppet Animation)
- Анимација со силуети (Silhouette Stop Motion)
Еве дел од видеата кои што ги гледавме:
На крај наставникот Дарко Талески ги поздрави учениците со видео кое што сам го направил, специјално за оваа пригода, честитајќи им ги празниците.
Огромна благодарност за заложбите и споделувањето на своето време. Во исчекување сме да гледаме интересни анимации кои што ќе крчкаат за време на распустот.