Од неодамна сум дел од една Фејзбук група Kreativni pristup lektiri чинам хрватска група во која се споделуваат креативни обработки на лектири. Листајќи на ѕидот од групата забележав дека дел од членовите користат некоја техника за цртање пица. Прашав и ми дадоа насоки како изгледа таа техника. Во основа имаш на располагање 8 прашања кои ги конципираш онака како што сакаш. Задачата е да се одговорат во секое од парчињата на пицата и истовремено да се остави на креативноста од учениците да ја украсат онака како што сакаат.
Јас решив да ја испробам со учениците од седмо одделение. Наидов на воодушевување, одлично сработени задачи и позитивни коментари.
Ја работевме лектирата „Светлина зад ридот“ од нашиот прилепчанец Трајче Крстески. Учениците имаа задача да одговорат на следниве прашања:
- Една реченица за Трајче Крстески
- Две негови дела
- Главни ликови
- Нацртај едно од четирите деца
- Сцената која најмногу ви се допадна
- Каде и кога се случуваат настаните
- Кој сцена ве замисли, растажи…
- Како ќе продолжи приказната…