
Кога треба да се предава материјалот од Историја на јазик секогаш е предизвик за наставникот. Предавањето многу важни работи од историјата на еден јазик, на стариот, класичен начин е напорно и кај наставникот предизвикува фрустрации. На децата им е досадно, не ја ценат големината на луѓето и настаните. Не знаат да дадат почит… учат факти и по неколку недели ги забораваат… Како да се смени тоа?
Не знам дали успеав, ама се обидов…




Со техниката снежна топка, на учениците им се дадоа насоки самостојно да истражуваат за Конески. Потоа во парови, помали групи и на крај две големи групи. Си ги споделуваат информациите и градат една целина. Се определуваат кој за што ќе зборува.
По една недела, во организација на училиштето, како активност од Годишната програма, со учениците ја посетивме куќата на Конески во Небрегово.
Учениците имаа можност да ја разгледаат, да истражуваат дополнително и да чујат од кустосот многу податоци кои не ги нашле во нивното истражување.
По нивната презентација, имаа време да фотографираат нешто што им остави впечаток од куќата и подоцна да направат постери.




Оваа посета беше дел од наставниот процес, учениците имаа два часа кои ги одржавме во спомен-куќата.
//v.calameo.com/?bkcode=0063044644dcdd1061108
//lameo