
Проектот „Стрип“ е заедничка идеја со наставничката Александра Богоеска по ликовно образование. Имено, за стрип во актуелната програма по македонски јазик се споменува во седмо одделние. Учебниците не нудат никакви содржини поврзани со таа тема, ниту има реално, некоја литература на македонски јазик која може да помогне во реалзиација на часот. Во програмата по ликовно обрзование оваа наставна единица се работи во деветто одделение.
Иако различни одделенија, ние решивме да соработуваме и секако, најпрво се обративме кај професионалци. На наша голема радост, радо и со голем ентузијазам Давор Драмиќанин и Здраво Гиров ни одржаа стрип-работилница на Зум.

На часот присуствуваа ученици од ликовната секција. Таму многу пластично, јасно и видливо им беше објаснат процесот на создавање стрип. Нивната синхронизација беше прекрасна за слушање и гледање. Додека Драмиќанин објаснуваше, разговараше со учениците, Гиров црташе. Од часот произлегоа два лика кои беа созданени од раката на Гиров, но вдахнати од нашите ученици.


Часот беше снимен и им беше пуштен на ученциите на училиште. Седмите одделенија го гледаа и потоа беа поделени во пет групи, им беше даден конструкт по избор (машки или женски) и заеднички, во рамките на групата создаваа суперхерој. Беше вистинско задоволство да ги гледаш како уживаат. Во секоја група имаше пое ден или двајца ученици кои цртаа, а останатите даваа идеи како да излгеда суперхеројот. Исто така останатите, нецртачите, имаа задача да смислат биографија на ликот. И така произлегоа 20 оригинални суперхерои.



Колешката часот го пушти на деветтите одделенија и во рамките на секцијата направи неколку групи кои нацртаа стрипови. Еве дел од нив:



Биографиите на суперхероите ги искористив за писмена вежба, односно учениците имаа задача да напишат расказ во кој ќе ги вклучат како ликови суперхероите што се нацртаа во рамките на нивните одделенија. Произлегоа прекрасни раскази кои можат да се искористат како сценарија за стрипови.
Исто така, биографиите на суперхероите можат да се искористат и за усно изразување со тоа што ученикот ќе влезе во улогата на суперхеројот и пред учениците ќе зборува за себе.
Ваквиот тип активности го прават часот многу интересен, а учениците се мотивирани и учат многу.
Еве ги сите финалните производи:
//v.calameo.com/?bkcode=0063044648e7ea0ea6908
Неизмерна благодарност за љубовта и посветеноста! Учениците уживаа! Нема поголема радост кога гледаш дека несебично се споделува непроценливо знаење и искуство, а восприемањето е отворено и силно!
Она за што двете сме многу благодарни е што имаме ресурси кои ќе ги користиме и со идните генерации. Добивме зум-час, имаме два конструкти, а и изработки од ученците, иако веруваме дека до година повторно да ги контактираме, ќе сакаат да ни излезат во пресрет. Гиров веќе втор пат ни е гостин, ова станува традиција 🙂