„Ана Франк“

Ана весела

„Дневникот на Ана Франк“ сосем случајно е една многу соосветна литература која може да помогне во ова време на излолација. Ако учениците ја прочитале книгата, многу добро знаат како се чувствувала Ана кога се криела од нацистите, онака како што ние сега се криеме од корона вирусот.

Оваа наставна содржина треба да помогнае да се збогатат знаењата од литература и историја, особено периодот на Втората светска војна. Исто така да се поработи на зголемување на речникот и изразноста.

Она што прво треба да се направи или што веќе е направено, е да се прочита книгата… во случај тоа да не е можно, квалитетот на часот ќе е на пониско ниво, но од долунаведените материјали учениците ќе се запознаат со Ана, па штом помине вондредната состојба, ќа ја прочитаат.

Еве неколку фотографии од Ана:

1. На оваа врска имате краток анимиран филм кој ве воведува во содржината на книгата:

https://www.brainpop.com/english/famousauthorsandbooks/annefrank/?fbclid=IwAR2Rq5a6ys_8MfxzgbLcPJKJP8TjoH9gvgM7PFlv-g4hsH6EcE7aVvHW8bw

2. Анелис Мари „Ана“ Франк (12 јуни 1929 – почетокот на март 1945) била германско девојче од еврејско семејство од градот Франкфурт којашто стекнала светска слава стекнала благодарение на своите дневници во кои ја опишала германската окупација на Холандија за време на Втората светска војна.

таткото на Ана

Ана со своето семејство се преселила во Амстердам во 1933 година, откако нацистите дошле на власт во Нацистичка и се стремеле за окупација на Холандија која започнала во 1940. Откако убивањето на Евреите почнало да се зголемува од ден на ден, Ото Франк, таткото на Ана Франк во јули 1942 со семејството се криел во собите од неговата работна зграда. По две години групата којашто ја сочинувале и тие била пронајдена и испратена во концентрационите логори. Седум месеци по нејзиното апсење, Ана починала од тифус во концентрациониот логор Берген – Белзен во деновите кога умрела и нејзината сестра Маргот Франк. Нејзиниот татко Ото останал жив и успеал да се врати во Амстердам каде што ги нашол сочувани дневниците на својата ќерка кои подоцна биле објавени во 1947 година. Дневниците во својот оригинал се објавени на холандски јазик.

Дневникот којшто и бил даден на 13. роденден претставува хронологија на настаните од тој ден, па се до 1 август 1944 година. Дневникот е преведен на многу јазици, а станал и многу популарен меѓу читателите. Стилот на којшто е напишан е добар, а темата на дневникот претставувала инспирација за повеќе филмови. Со својата слава, Ана Франк станала една од најчесто споменуваните личности од жртвите на Холокаустот.

(Извор: https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%BD%D0%B0_%D0%A4%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BA)

3. Официјална страна на Музејот посветен на Ана Франк https://www.annefrank.org/en/   таму може да се најде и краток филм во кој на англиски јазик се објаснува која е Ана https://www.annefrank.org/en/anne-frank/who-was-anne-frank/

Оваа страница е полна со информации и фотографии. Дури и да не знаете англиски добро, убаво е да се разгледа.

Потоа истражете на интернет:

– Втора светска војна

– Холокауст

Други извори, за оние пољубопитните:

Холокаустот не нЕ одминал и нас. За судбината на македонските Евреи може да се видат овие врски:

Изложба: „Изгубениот сафарски свет“

Час за Сафартските Евреи

Филмови:

ДРУГИОТ ПАТ http://www.centropa.org/node/83049

ПРЕЖИВУВАЊЕТО ВО САРАЕВО http://www.centropa.org/centropa-cinema/prezivjeti-u-sarajevu-prijateljstvo-za-vrijeme-rata

ТРИ ВЕТУВАЊА http://www.centropa.org/centropa-cinema/matilda-kalef-three-promises

РИФКА И ЕЛВИРА http://www.centropa.org/centropa-cinema/rifka-and-elvira-coming-age-time-war

И особено го препорачувам македонскиот филм БЕНО И РОЗА http://www.centropa.org/centropa-cinema/beno-and-roza-kamhi-years-make-their-own?subtitle_language=

Активности на проектот „И ние сме тука“ во соработка со Локалната самоуправа и ООУ „Климент Охридски“ поврзани со Светскиот ден на лицата со аутизам

 

Претходната недела асоцијацијата „Ластовица“, во рамките на проектот „И ние сме тука“ кој е дел од кампањата „Попреченоста е прашање на перцепција“ – реализирана од Институтот за медиуми и различности (МДИ) во партнерство со Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) реализира низа активности.

Во ООУ „Климент Охридски“ беа сработени 12 работилници, реализирани од 12 наставници и еден дефектолог. Работилниците беа направени со ученици од трето, четврто, петто, седмо и деветто одделение. Целта на активностите беше подигнување на свеста за присуството на лицата со посебни потреби, со акцент на децата со аутизам. Наставничките се обидуваа да ги разјаснат однесувањата на тие деца, нивните потреби и како ние, можеме да помогнеме во олеснување на нивната интеграција во наставниот процес.

 

Активности од  работилниците:

-правење хартиени балончиња во кои се пишуваа пораки за другарство

– Цртање рачиња и шарање

– правење сложувалка

– изготвување брошура во која се истакнуваат потребите на едно лице со аутизам и како ние можеме да му помогнеме

-изготвување лепенки со логото на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“

-изготвување лепенки со симболи кои го претставуваат аутизмот или неделата на аутизам

– сензибилизација на учениците со разговор, дискусии и работни листови

– средба со дефектолог-придружник и ученик со аутизам – дискусија и набљудување на неговите постапки, објаснување зошто така се однесува и што треба ние да направиме во такви ситуации

Откако овие активности завршија, сите материјали се закачија на платно во холот на училиштето и на 2 април во 11 часот се отвори изложба на која зборуваше директорот и дефектолог Светлана М. Томеска. На оваа изложба присуствуваа и учениците и дел од наставниците од посебните паралелки и сите заедно ја искажаа поддршката за зголемување на свесноста за присуството ан овие лица, за нивните права, но и за нашата обврска да им помагаме во социјализацијата.

 

Потоа, сите наставници и одделенија кои беа вклучени во работилниците, заедно со промотивните материјали кои се изработија се упатија кон центарот на градот. Каде што делеа брошури, лепеа лепенки со симболи на аутизмот и логоа од проектот, со цел да ја поддржат кампањата.

 

Симболично, на крајот од акцијата, учениците пуштија 100 светло сини хелиумски балони и наредија една шарена сложувалка.

Сите вклучени наставници (Лидија Карапееска, Наташа Милеска-Михалоска, Верче Велеска, Марина Ангелеска, Моника Јанкулоска, Јулијана Талеска, Весна Јонзоска, Зорица Трајаноска, Наташа Колеска, Соња Петреска, дефектологот Светлана Миоковиќ-Томеска и директорот Зоран Сребреноски) беа мотивирани и сензибилизирани да продолжат и понатаму во процесот на инклузија на учениците со посебни образовни потреби.

 

Настанот беше проследен од следните медиуми:

Локална самоуправа – Прилеп https://www.youtube.com/watch?time_continue=234&v=8Wo_79QfVB8

Канал „Визија“ – https://youtu.be/4Ii5rLa-e7g

Радио „Пела“- http://radiopela.mk/da-dademe-poddrshka-na-litsata-so-autizam-i-na-nivnite-semejstva/

„Инфо-компас“ – https://www.youtube.com/watch?v=Zvz1WR3lF88&feature=youtu.be

„24 мк“ –  https://www.24.mk/details/gradskiot-saat-vo-prilep-kje-sveti-sino-5-dena?fbclid=IwAR0IGk8WCpGUskH2gz1KGatW1j8jlYWGi89P1NZ56jQnq-BCOypHZM82_iQ

„Нова Македонија“ – https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/%D0%B0%D1%83%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D1%82%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/?fbclid=IwAR1cDsggJqwI66afLQOWEGFPCTiRNLbTZC-1OACuvUGUOZ6ZyjEfFA_40OY

Centropa како извор за настава

55441156_823700421330869_608138687321997312_n.jpgВо рамките на училишниот актив од јазичното, естетското и општественото подрачје, беше изведено кратко предавање во кое се претстави интернет страницата http://www.centropa.org.                              Порталот „Центропа

Присутните наставници беа запознати со материјалите кои се дел од страницата, а кои можат да се користат на часовите по: историја, граѓанско образование, македонски јазик, англиски јазик, германски јазик, француски јазик, историја на религии и сл.

55441224_574275633088419_5322323722311303168_n.jpg

Исто така, во рамките на предавањето на колегите им беше претставена целта и постоењето на Институтот Центропа, координаторите и програмите на за наставници.

55840500_444117686129960_7851311053014040576_n.jpg

Наставниците го гледаа и часот реализиран од Јулијана Талеска и Каролина Јовеска, користејќи ја патувачката изложба „Изгубениот свет на сафардските Евреи“ и беа запознати дека нивните часови можат да ги прават и да ги испратат до координаторот за Македонија.

 

Обука за македонисти „Попреченоста е прашање на перцепција“

DSC_0061.JPG

Во саботата на 23.3.2019 во простоиите на ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп се одржа обука „Попреченоста е прашање на перцепција“. Оваа обука е дел од серијата обуки и работилници од страна на Асоцијацијата „Ластовица“ во рамките на проектот „И ние сме тука“.

Имено проектот „И ние сме тука“ е дел од кампањата „Попреченоста е прашање на перцепција“ – реализирана од Институтот за медиуми и различности (МДИ) во партнерство со Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ).

На обуката се согледаа потешкотиите со кои се соочуваат наставниците по македонски јазик при реализација на наставните програми во паралелки каде што има инклузирани ученици. Самите наставници беа охрабрени и поттикнати со идеи и насоки како да се соочуваат со предизвиците во училница, но истовремено беа сензибилизирани за правото на тие ученици да се дел од наставниот процес и силната потреба да бидат поддржани во процесот на социјализација во рамките на редовната паралелка.

Наставниците имаа можност да адаптираат наставни содржини според претходно дадени случаи на ученици со потешкотии или со посебни образовни потреби. Им беа споделени линкови до интернет страници каде што можат да најдат повеќе информации и добија материјали (брошури) подготвени од дефектологот Светлана Миоковиќ – Томеска, во кои имаа детални информации кои ќе им го олеснат наставниот процес.

Новогодишна театарска претстава на драмската секција

 

 

 

И оваа година драмската секција неуморно работеше за во овие предновогодишни денови да ги израдува најмалите. Во рамките на воннаставните часови, учениците ја подготвуваа театарската претстава… на која што уште не најдовме соодветно име… па ја нарековме „Новогодишна претстава“.

Оригиналниот текст и идеја беше од Ленче Радосавлјевиќ. Прекрасна приказна во која се испреплетени нарациите на Црвенкапа и Трите прасиња, иако во овој случај беа четири волци и едно прасе 🙂

 

 

Учениците одлично се вклопија во улогите и поминаа прекрасно време со малите дечиња.

48426124_315792622478196_4698657697422114816_n

На проектот работеа наставничките Јулијана Талеска, Билјана Шукуроска-Наумоска, Лина Ѓорѓиоска. За костимите се погрижија Александра Богоеска, Наташа Колеска и Гордана Стојаноска и секако родителите и учениците – учесници. Исто така учениците имаа неколку скапоцени проби со професионалниот актер Александар Тодески кој веќе неколку години наназад е голема поддршка на нашето драмско раснење.

 

 

This slideshow requires JavaScript.

Учениците најпрво настапија кај своите соученици во посебните паралелки. Потоа со наставничката Билјана беа во градинката „Наша иднина“, па во едукативниот центар „Еду шампиони“ и на крај, утре, ќе им посакаат среќна Нова година на нашите првачиња и на дечињата од колегите од „Климент Охридски“.

Видеото од еден од настапите (во Еду шампиони) може да го видите на овој линк:

Се гледаме следната Нова!!!

 

 

 

Втора Ораторска вечер по повод Патрониот празник на ООУ „Климент Охридски“

IMG_9036.JPG

На 6.12.2018 се одржа по втор пат Ораторскиот натпревар кој е дел од чествувањето на Паатрониот празник на ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп.

На овој натпревар учествуваа 11 училишта од Прилеп и околината. Менторите оваа година покажаа дека вештината за говорништво е важна и основна вештина која треба да ја негуваат сите ученици.

На натпреварот, волонтерски учествуваа професорите:Цеца Видова – Трајчевска – Економско училиште „Кузман Јосифоски – Питу, Мартин Наумоски – гимназија „Мирче Ацев“ и Елизабета Пирганоска – Средно стручно училиште „Орде Чопела“ – Прилеп.

Настанот го разубавија и музичките виртуози на виолончело (Андријана Дукоска), виола (Љупчо Трајаноски), гитара (Михаил Јагуриноски), саксафон (Мирослав Миленкоски) и убавиот глас на Марија Стојаноска.

Настаното прекрасно го водеше ученичката Ана Нешкоска, а целосно беше реализаран од наставничките: Јулијана Талеска, Лилјана Здравеска, Каролина Јовеска, Лина Ѓорѓиоска, Зорица Трајаноска.

IMG_9045.JPG

Учесници:

Училиште Ментор Ученик
1.    „Климент Охридски“ – Прилеп Билјана Наумоска-Шукуроска Теодора Велкоска
2.    „Мирче Ацев“ – Лажани Мирела Шкријељ Минела Шкријељ
3.    „Рампо Левката“ – Прилеп Билјана Ацеска Ива Митревска
4.    „Гоце Делчев“ – Прилеп Билјана Јагуриноска Христијан Нашуловски
5.    „Манчу Матак“ – Кривогаштани Весна Ацеска Кристина Мојаноска
6.    „Кире Гаврилоски – Јане“ – Прилеп Љупчо Петрески Лина Тунеска
7.    „Пецо Даскалот“ – Долнени Нове Богојески Сара Петкоска
8.    „Кочо Рацин“ – Прилеп Мартина Стојкоска Николче Ангеловски
9.    „Св. Кирил и Методиј“ – Канатларци Славица Стојаноска Елсада Тмушиќ
10. „Блаже Конески“ – Прилеп Катерина Димкоска Марија Стојаноска
11. „Страшо Пинџур“  – Мало Коњари Зорка Сотироска Симона Настеска

Првото место го освои ученикот Николче Ангеловски од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.
Второто место го освои Кристина Мојаноска од ООУ „Манчу Матак“-Кривогаштани.
Третото место, по одлука на комисијата беше поделено на двајца ученици:  Христијан Нашуловски од „Гоце Делчев“ и Марија Стојаноска од „Блаже Конески“.