Обука за македонисти „Попреченоста е прашање на перцепција“

DSC_0061.JPG

Во саботата на 23.3.2019 во простоиите на ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп се одржа обука „Попреченоста е прашање на перцепција“. Оваа обука е дел од серијата обуки и работилници од страна на Асоцијацијата „Ластовица“ во рамките на проектот „И ние сме тука“.

Имено проектот „И ние сме тука“ е дел од кампањата „Попреченоста е прашање на перцепција“ – реализирана од Институтот за медиуми и различности (МДИ) во партнерство со Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ).

На обуката се согледаа потешкотиите со кои се соочуваат наставниците по македонски јазик при реализација на наставните програми во паралелки каде што има инклузирани ученици. Самите наставници беа охрабрени и поттикнати со идеи и насоки како да се соочуваат со предизвиците во училница, но истовремено беа сензибилизирани за правото на тие ученици да се дел од наставниот процес и силната потреба да бидат поддржани во процесот на социјализација во рамките на редовната паралелка.

Наставниците имаа можност да адаптираат наставни содржини според претходно дадени случаи на ученици со потешкотии или со посебни образовни потреби. Им беа споделени линкови до интернет страници каде што можат да најдат повеќе информации и добија материјали (брошури) подготвени од дефектологот Светлана Миоковиќ – Томеска, во кои имаа детални информации кои ќе им го олеснат наставниот процес.

Втора Ораторска вечер по повод Патрониот празник на ООУ „Климент Охридски“

IMG_9036.JPG

На 6.12.2018 се одржа по втор пат Ораторскиот натпревар кој е дел од чествувањето на Паатрониот празник на ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп.

На овој натпревар учествуваа 11 училишта од Прилеп и околината. Менторите оваа година покажаа дека вештината за говорништво е важна и основна вештина која треба да ја негуваат сите ученици.

На натпреварот, волонтерски учествуваа професорите:Цеца Видова – Трајчевска – Економско училиште „Кузман Јосифоски – Питу, Мартин Наумоски – гимназија „Мирче Ацев“ и Елизабета Пирганоска – Средно стручно училиште „Орде Чопела“ – Прилеп.

Настанот го разубавија и музичките виртуози на виолончело (Андријана Дукоска), виола (Љупчо Трајаноски), гитара (Михаил Јагуриноски), саксафон (Мирослав Миленкоски) и убавиот глас на Марија Стојаноска.

Настаното прекрасно го водеше ученичката Ана Нешкоска, а целосно беше реализаран од наставничките: Јулијана Талеска, Лилјана Здравеска, Каролина Јовеска, Лина Ѓорѓиоска, Зорица Трајаноска.

IMG_9045.JPG

Учесници:

Училиште Ментор Ученик
1.    „Климент Охридски“ – Прилеп Билјана Наумоска-Шукуроска Теодора Велкоска
2.    „Мирче Ацев“ – Лажани Мирела Шкријељ Минела Шкријељ
3.    „Рампо Левката“ – Прилеп Билјана Ацеска Ива Митревска
4.    „Гоце Делчев“ – Прилеп Билјана Јагуриноска Христијан Нашуловски
5.    „Манчу Матак“ – Кривогаштани Весна Ацеска Кристина Мојаноска
6.    „Кире Гаврилоски – Јане“ – Прилеп Љупчо Петрески Лина Тунеска
7.    „Пецо Даскалот“ – Долнени Нове Богојески Сара Петкоска
8.    „Кочо Рацин“ – Прилеп Мартина Стојкоска Николче Ангеловски
9.    „Св. Кирил и Методиј“ – Канатларци Славица Стојаноска Елсада Тмушиќ
10. „Блаже Конески“ – Прилеп Катерина Димкоска Марија Стојаноска
11. „Страшо Пинџур“  – Мало Коњари Зорка Сотироска Симона Настеска

Првото место го освои ученикот Николче Ангеловски од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.
Второто место го освои Кристина Мојаноска од ООУ „Манчу Матак“-Кривогаштани.
Третото место, по одлука на комисијата беше поделено на двајца ученици:  Христијан Нашуловски од „Гоце Делчев“ и Марија Стојаноска од „Блаже Конески“.

 

ЗУ(Заедница за учење)

dav

Прилепските професори по македонски јазик и литература формираа професионална заедница за учење. Имено заедницата е друштво кое е дел од сојузот на друштва на професорите по македонски јазик и литература (Сојуз на ДМЈЛ)

Оваа иницијатива се реализира поради желбата на голем број од професорите и професорките. Првата официјална средба беше одржана во ООУ „Кочо Рацин“, поддржана од советничката од Бирото за развој на образованието, Оливера Тодороска.

ЗУ (Заедницата за учење) е иницијатива произлезена од професорите по македонски јазик.
Таа е гласот на посветениот наставник, алатка која помага да бидеме подобри и ветер кој ќе ги истурка облаците на незнаењето.
Заедницата ги сочинува сите професорки и професори по македонски јазик и литература кои сакаат да напредуваат и да бидат достојни поколенија на св. Климентовиот аманет.

Идејата за оваа заедница е пред сЕ:

  • професионален развој
  • соработка
  • јакнење на капацитетите
  • подобрување на наставната програма по македонски јазик и литература
  • дружење
  • промоција на македонскиот јазик
  • споделување позитивни практики
  • поддршка…

Средбата течеше според агендата:

9:30 – 9:45 Регистрација на учесниците
9:45 – 10:00 Поздравен говор од советничката Оливера Тодороска
10:00 – 10:20 Работилница –предизвици очекувања

Љупче Петрески

10:20 – 10:45 ·        Формирање активи (актив на основни училишта, актив на средни училишта)

·        Избор на координатори

10:45-11:10 Работилница: Што ми треба?/Што можам да помогнам?

Јулијана Талеска

11:10 – 11:30 дискусија
11:30 Затворање на средбата, насоки за иден состанок по активи

На координативната средба се избраа координатори од сите основни и средни училишта и се изведоа две работилници во кои се излистаа пред сЕ очекувањата на членовите, но и она што тие можат да го дадат за заедницата и она што им треба од неа.

Координатори по училишта

 Основни училишта

училиште координатор
„Климент Охридски“ Јулијана Талеска
„Кире Гаврилоски – Јане“ Сузана Николоска
„Блаже Конески“ Љубица Јованоска – Пашоска
„Гоце Делчев“ Билјана Јагуриноска
„Кочо Рацин“ Благојче Ристески
„Добре Јованоски“ Панде Магдеска
„Рампо Левката“ Билјана Ацеска
„Страшо Пинџур“ Љупче Петрески
„Круме Волнароски“ Марија Грижоска
„Кирил и Методиј“ Ирена Трајкоска
„Ѓорче Петров“ – Ропотово Соња Кировакова

Средни училишта

училиште координатор
СОУ „Ѓорче Петров“ Жанета Видевска
Гимназија „Мирче Ацев“ Весна Михаиловска
СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ Цеца Видова – Трајческа
СОУ „Орде Чопела“ Елизабета Пирганоска
„Ристе Ристески – Ричко“ Андријана Челебитова

Низ работната средба се дискутираше и за тековни прашања поврзани со наставнито процес, планирањето на програмите и новиот список за лектирните изданија.

Сите заедно го поздравивме процесот и договоривме средба за октомври. На таа средба ќе се изготви годишната програма која што ќе прозилезе од сите нас.

Нашите активности може да ги следите на блогот: zuprilep.wordpress.com