Учество на 48 – те Детски Рацинови средби

 

12271440_514646858713271_1524148588_oНа 48 – те „Детски Рацинови средби“ ученичката Климентина Котеска беше пофалена заедно со уште 10 ученици кои во конкуренција од 200 лични творби беа избрани и наградени со пофалници.

JA ЉУБАМ МОЈАТА ЗЕМЈА
Од рани зори златести крилја разбиваш,
До темни ноќи во мракот заспиваш.
Тебе лице ти жолто поле разлеало,
Тебе очи ти чисти води езерски.
Само туѓа крв-црни робови,
Темни долгови, ти дамнешни времиња засенила.
Каде ли си сега ти, ти моја светлино?
Каде ли е твојот ден, ден да не остане-земја да покрие?

Пуста си ме земјо родила, гледала па израснала.
Тук, пусти да не останат жар, чад животот ни кучешки.
Само горчина во душа не бега,
Војна, куршум и револвер се стега.
Магла тивка однадвор надоаѓа.
Бура силна низ очи ми проаѓа.
К’тно време на уво ми шепоти.

Не, повеќе нема народ да плачи.
Не, повеќе нема страв душа да мачи.
Не, од сега ќе само радост гледаме.
Не, од сега ќе ново време везиме.
Земјо моја, земјо родна ти татковино, Македонијо плодна.
Денес, македонско знаме гордо се вее,
Татковино моја ЉУБЕНА, вечно нек` тлее!

ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп
ученичка: Климентина Котеска VIII-4
ментор: Јулијана Талеска

Домаќините срдечно не` пречекаа. Не` прошетаа низ градот. Ги видовме спомениците на Кочо Рацин, Музејот на град Велес, Цветниот замок и најмногу од се` ни беше драго што зачекоривме по Сокакот на поезијата и поминавме незаоборавни мигови во куќата на Рацин. Излеговме на терасата каде што на свеќа ги пишувал песните кои ние денес ги читаме и им се восхитуваме.

Еве дел од она што можеше нашиот апарат да засведочи:

This slideshow requires JavaScript.

Halloween во нашето училиште

На овој страшен, многу страшен ден, нашето училиште се наполни со мали вештерчиња, ѓаволчиња, духчиња… имаше и костури и лоши вили… страшно страшно беше…

Се собрале во ООУ „Кочо Рацин“, се договриле и дошле кај нас, кај нашите вештерчиња, духчиња и ѓаволчиња 🙂

И така заедно направија гоооолема журка, јадеа тикви, слатки и пиеја некои чудни напитоци во боја. (хоооооооо хооооо хоооо)

 

This slideshow requires JavaScript.

ТРИ ПРЕКРАСНИ ПОВОДИ ЗА СВЕЧЕНА ПРОСЛАВА

Нашето училиште денес имаше три прекрасни поводи за славење. Сите три еднакво и достојно ги одбележа. Најпрво со свечена програма беше чествуван СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ, потоа на сите дечиња од училиштето им се честита ДЕТСКАТА НЕДЕЛА и на крајот нашите драги првачиња беа собрани во наставничката канцеларија каде што им беше приредена кратка програма од своите постари другарчиња. Поводот беше делење на ученичките легитимации. Овие мали и слатки првачиња добија „пасош“ за престој во светот на знаењето.  Дел од прекрасната ќе ви го доловиме со долуприкажаните фотографии и едно видео од прекрасниот настап на „Кирилица“ од Влатко Стефановски.

ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА

ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА!!!

А со кого би можела да започне, ако не со нашите мали и слатки првачиња. И оваа година вредните наставници од нашето училиште организираа свечена програма. Првачињата беа топло пречекани од своите наставници и наставнички. Со куп подароци се упатија кон училниците… нека им е нив среќна новата учебна година.

 

This slideshow requires JavaScript.

ГОДИШНА ПРОГРАМА НА ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – ПРИЛЕП 2012 ГОДИНА

Овогодинештната Годишна програма на нашето училиште имаше прекрасно мото: ДА СЕ САКАМЕ, тоа беше идеја на нашата наставничка по француски јазик, Ленче Вренцоска, која ја промовира во точката посветена на говорот на Виктор Иго, многу години пред да се создаде Европската Унија, овој голем ум го дава тој предлог за збратимување. Основа на тоа збратимување е нашето мото ДА СЕ САКАМЕ.

Навистина, во едно вакво време, во кое уште треперат бури од нетрпеливост, можеме да го преживееме само ако се сакаме меѓусебе.

Затоа нашето училиште реши да ја напише оваа мировна порака на сите јазици што се користат во нашето училиште и во нашата држава. Тоа е само еден знак на добра волја, знак дека се радуваме на мултикултурното и мултиентичкото општество во кое што живееме и дека сакаме сите заедно да живееме во мир и слога.

Годишната програма помина прекрасно, водена беше од осмоодделенците од драмската секција, необично водење – низ драматизации и разговори, за прв пат на едно вакво слување. Сето тоа беше проследено со позитивни критики и силен аплауз. Нашата драмска секција се претстави со драматизацијата „Писмо“. Повторно покажаа дека се големи надежи на драмската уметност во нашиот град.

This slideshow requires JavaScript.

РАЧНА ИЗРАБОТКА НА ДЕТСКИ ИГРАЧКИ – ПРОЕКТ „ПРЕГРАТКА НА ДАР“

Ученичките од VIII – 3 одделение (Кате, Симона, Еми, Ангела. Роберта, Анастасија)  беа дел од проектот „Прегратка на дар“. Со помош на прирачниците на страната Рингераја направија играчиња кои добијаа дом кај дечиња низ цела Македонија.

This slideshow requires JavaScript.

Координатор за нашето училиште е наставничката Фросина Ацеска, таа заедно со незините ученици и со помош на голем дел од одделенските наставници и дел од предметните, направија многу играчки. Со овој проект нашето училиште покажа и докажа дека е хумано и дека сака да биде дел од вакви проекти.

За Новогодишните празници, проектот „Прегратка на дар“ се реализира во болницата во Прилеп. Наставничката Фросина Ацеска беше присутна на доделувањето на подароците. На страната http://www.ringeraja.mk/statija/podareni-se-igrachki-vo-opshta-bolnica—prilep_1732.html?page=1&imageID=2153#image-link  може да се види целосната реализација на проектот.

         

Оваа иницијатива не прекинува овде, нашите ученици решија да направат нови играчки и да им ги подарат на нашите првачиња.

ПРОСЛАВА НА 49 – ГОДИШНИОТ ПАТРОН ПРАЗНИК

По повод 49 – годишниот патрон празник, во нашето училиште се случија бројни активности. Во 9 часот утрото во спортската сала се одиграа одбојкарски натпревари, паралелно со тоа случување во едан од училниците беа фино сместени идните поети и писатели на град Прилеп. Основцни од сите основни училишта беа дојдени на литературно читање, да споделат еден дел од своите мисли заедно со учениците од нашето училиште. Потоа од 11 часот следуваше пригодна програма.

This slideshow requires JavaScript.