МИО – активности

2015-11-24 09.20.33

Денес една група од наставници и ученици заедно со СИТ-от на училиштето бевме на гости кај нашето партнер училиште „Пере Тошев“ од с. Десово. Целта на нашата посета беше реализација на заеднички активности во рамките на наставниот процес. Мојата активност беше реализација на наставната единица: Пејзажни песни. Заедно со наставничката Зулфије Јусуфи одржавме двојазичен час. Имавме 14 ученици, 7 Албанчиња, 7 Македончиња.

Активностите беа пред се` во насока на запознавање на децата и другарување, а потоа и на совладување на наставната единица. Искуството беше незаборавно. И за нас наставничките и за дечињата. Еден обичен, едноставен час може да биде пример за цело човештво, за тоа дека многу лесно можеме да бидеме заедно, да се дружиме, да спроведуваме активности, сеедно од која националност сме, сеедно која вера ја имаме. Овие дечиња го покажаа тоа. Еве производ од таа активност:

По повод „Денот на албанската азбука“ училиштето имаше пригодна програма на која настапија ученици од трите етнички заедници: македонска, албанска и бошњачка. Нашата ученичка Васе Колароска се претстави со песната „Химната на децата“ од Есад Бајрам

 

Интегрирана настава на есперанто :)

images

Денес наставничките Јулијана Талеска, Билјана Наумоска-Шукуроска, Весна Јонзоска, Моника Јанкулоска и дефектологот Светлана Миоковиќ-Томеска одржаа интегриран час во просториите на Друштвото за есперанто – Прилеп. На часот присуствуваа учениците од додатната настава по македонски јазик, математика и англиски јазик. Учениците беа запознати со јазикот есперанто. Неговото создавање, начинот на употреба и примена во светот. Тие имаа можност да видат како изгледа текст напишан на есперанто и кои луѓе го користеле. Воведувањето во светот на есперантото го направи господинот Виктор Галески, на кој му сме многу благодарни. Поради неговото исцрпно предавање дел од учениците пројавија интерес во иднина да го научат јазикот.

Со оваа посета се завршуваат планираните активности на наставиците од ООУ „Климент Охридски“ по повод Месецот на книгата.

This slideshow requires JavaScript.

Именки, категории кај именките, вежби

images

Еве една презентација полна со сликчиња кои ќе бидат интересни за учениците. Низ нејзините слајдови ќе се повтори материјалот за именки. Моите дечки уживаа… 🙂