ПОСЕТА НА БИБЛИОТЕКАТА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ И РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ

Вчера со учениците од шесто одделение бевме во посета на градската библиотека „Борка Талески“. Во библиотеката бевме срдечно пречекани. Не` расшетаа насекаде. Го видовме одделот за возрасни, одделот за деца, читалната, конференциската сала, роднокрајните дела, одделите за странски јазици, дури и ни дозволија да се прошетаме во магацинот. Таму ни беше најинтересно. Книги од под до таван, а ние како мали глувчиња чепкаме наоколу. Прекрасно искуство. Учениците имаа можност да постават прашања и да се запознаат со условите за зачленување и изнајмување книги.

По посетата се упативме во паркот и направивме работилница за креативно пишување. Ученицте седеа во круг. Секој пред себе имаше лист хартија. На даден знак запишуваа една реченица. Потоа листот го предаваа на ученикот од левата страна, а го земаа од ученикот од десната. Задачата беше да ја продолжат приказната. Така додека не дојде до нив нивниот лист. Потоа расказите се читаа на глас.

This slideshow requires JavaScript.