Во рамките на наставната програма, решивме наставната единица: Поим за говор, да ја сработиме искуствено. Имено, откако го работевме текстот „Цвеќе на мирот“. Дознавме кој е Цветин, и како тој зборува пред својата публика. Потоа пристапивме теоретски:
„За секоја една минута јавно говорење, потребен е еден час подготовка.“
Потребни работи за добар јавен настап:
- Совладување на стравот и тремата пред јавен настап
- Правилна употреба на глас и дикција
- Правилна употреба на говорот на тело во презентирање
- Развој на самодовербата и сигурноста во настапот
- Учење на техники за подготовка на говор и презентација
- Шема, композиција или редослед на говорот (излагањето)
- Реакција на забелешки, прашања и напади
- Контакт со очите
- Динамичност, комуникација со публиката
- Ги убедуваш останатите дека ти си во право.
Подготовка:
- Одбирате тема
- Ја разработувате, барате цел поради која го држите говорот
- собирате аргументи кои ви го поткрепуваат кажаното
- ја убедувате публиката во своите искази преку примери
- завршувате со заклучок.
Најпрвин мислев дека ова ќе биде интересна вежба за неколкумина. Но испадна дека децата сакаат да играат улоги. Сите сакаа да настапат. Се спремија добро, говорите беа прекрасни. Од таа нивна огромна желба произлезе и училиштниот натпревар во кој имаше 22 финалисти. Тешко им беше на 14 те ученици кои беа жири-комисија да одлучат, сите дечиња беа беспрекорно спремни, само нијанси во настапот. Текстовите на говорите кај сите беа многу добри.
На натпреварот првото место го делеа: Филип Крстески и Иван Крстески. Второ место: Мила Николоска, Михаела Јанеска, Теона Стојческа, Климентина Котеска, Веселина Јованоска. Трето место: Никола Илијоски, Андријана Лимбевска, Сара Нинеска и Леонарда Кајџаноска.
Не можам да ви опишам колку многу енергија имаше во нивните настапи.Можам само да ви предложам врски до дел од нив и до говорите што ги држеа, па вие сами може да се уверите во она што го кажувам. Секоја чест ученици, се гордеам со вас!!!