На состанокот од Активот од јазично, естетско и општествено подрачје, го претставив користењето на kahoot во наставата.
Имено, се работи за интернет платформа https://kahoot.com на која што едноставно се логираш, правиш свој профил и можеш да користиш веќе готови тестови, но и да креираш свои. Интересното е во тоа што тие тестови учениците можат да ги решаваат само преку нивните паметни телефони. Апликацијата можат да ја инсталираат преку google play; или да се логираат дирекно на страницата.
1. Што можеме со kahhot?
- Интернет алатка која помага да се направи проверка на знаење:
- Дијагностичко проверување на претходни знаења
- Проверка на совладаното на самиот час (се спроведува 5-10 мин од крајот на часот
- Проверка на совладаност на тема, подрачје и сл.
2. Што е потребно?
- Интернет
- Претходно подготвен квиз/тест
- Интерактивна табла или проектор со компјутер
- Мобилни телефони (Паметни тел.)
3. Што добива наставникот?
- интересно поминат дел од часот
- максимална вклученост на учениците
- ексел табела во која има аналитичка листа за одговореното
- во рамките на истата табела, дополнителна евалуациска табела во која дознава како им се допадна квизот/тестот
4. Што добиваат учениците?
– практично користење на телефоните
– проверка на стекнатото знаење
– забавен начин на учење
Како да се направи профил, квиз/тест може да видите во презентацијата која ќе ја симнете на овој линк kahoot prezentacija
А исто така може да ви помогнат и овие врски: