
Во книжарниците од „Просвето дело“ има картички со сликички и азбука на повеќе јазици. На Саемот на книги ги купив картичките со македонската азбука, мислев да ги користам на часовите со учениците со посебни потреби. Се испоставид ека идејата за нивното користење е одлична. Едно од тие „искористувања“ е и овој час:
Најпрвин учениците стојат во круг и секој од купчето со картички влечи една картичка. Потоа со играта 1,2,3 се прават групи. во зависност колку групи требаат, до таја бројка се игра. Ние игравме до 5. Најчесто учениците застануваат еден до друг, како што се дружат. Оваа вежба ги „разделува“ најдобрите другарчиња, и создава простор за градење на групата, бидејќи групите спонтано се создаваат. Децата кажуваат по еден број: 1, 2, 3, 4, 5. Потоа одново 1, 2, 3, 4, 5 и така неколку пати додека не се стигне до првиот 1. Единиците се една група, двојките друга и т.н.
Секоја група има онолку картички колку што има ученици во неа. Задачата е да раскажат краток текст во кој ќе ги вметнат поимите од картичките. Текстот го создаваат заеднички. Потоа го читаат пред класот. Вториот дел од задачата е учениците да го прераскажат тоа што го слушаат.
This slideshow requires JavaScript.