Подготовка на „Сердарот“

По повод патрониот празник ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА во нашето училиште ја припрема „Сердарот“ од Григор Прличев, според сценариото од наставничката Јулијана Талеска. Подготовките одат одлично, сите се возбудени и радосни поради неодамнешната информација дека точката е дел од Програмата на Патрониот празник. Со нетрпение го очекуваме 8 ми Декември.

НАСТАП НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

Учениците од драмската секција имаа прекрасен настап на Патрониот празник на нашето училиште. Ако од некаде можеше да ги види Прличев, ќе беше горд на трудот што го вложија.

This slideshow requires JavaScript.

Дигитални часови

На web- страната thinkquest.org со моите ученици бевме дел од проектот ИКТ – во мојата училница. На овој проект зедоа учество учениците од VII И VIII одделение. Пет групи изработија дигитални часови кои се корисни за наставата.

Група ФИЛМ

  1. Катерина Паскоска
  2. Деспина Силјаноска
  3. Виктор Јованоски
  4. Антонио Илиоски
  5. Сара Грабулоска
  6. Никола Дачески

Часот можете да го видите на овој линк:  Филмови

Група ГЛАГОЛСКИ ФОРМИ

  1. Ивана Адамческа
  2. Александра Гагалеска
  3. Надица Парапанска
  4. Елена Спиркоска
  5. Бојана Тодороска
  6. Димитар Јованоски

Часот можете да го видите на овој линк: Глаголски форми

Група ЗБОРОВНИ ГРУПИ

  1. Ивона Дамеска
  2. Теодора Тасевска
  3. Никола Желчески
  4. Дарио Илиоски
  5. Ненад Стојаноски
  6. Меланија Андоноска

Часот може да се види на овој линк: Зборовни групи

Група: ОСВРТ НА ГЛЕДАН ФИЛМ

  1. Марија Зероска
  2. Катерина Атанасоска
  3. Емилија Чавлеска
  4. Симона Иваноска
  5. Ангела Иваноска
  6. Роберта Ацеска

Часот може да се види на овој линк: walktorememberpictures

Група: ДРАМА

  1. Александар Костоски
  2. Ангела Башеска
  3. Благојче Чаески
  4. Божидар Нешкоски

Часот може да се види на овој линк:драма

ДЕНОТ НА ДРВОТО

Денес, нашите ученици беа дел од традиционалната акција „Ден на дрвото“. По тој повод седмите и осмите одделенија, заедно со своите наставници и наставнички беа во областа Песиобарци, да засадат садници. Учениците се надеваат дека барем дел од тоа што го засадија денес еден ден ќе изникне и ќе го раубави сега голиот и пуст предел. Дека убаво си поминавме, иако времето беше тмурно и магливо, може да се види од фотографиите објавени во оваа вест.

This slideshow requires JavaScript.

е- задача – НОВИНАРСКА СТАТИЈА

Учениците од VIII одделение на часот по македонски јазик беа во улога на новинари. Нивните мудри глави создадоа интересни новнинарски статии. Најдобрите статии се:

Новинарска статија од ученичката Лиле Димкоска VIII-3


Денот на дрвото, овој ден и некои интересни факти за дрвјата

           На 23 ноември, во среда, ќе биде денот на дрвото. Тоа е државен празник, така што особено ангажирани ќе бидат учениците и наставниците од општинските училишта. Акцијата Ден на дрвото – Засади ја својата иднина е акција поддржана од Владата на Република Македонија, која што го определи денот на одржување на акцијата.

      Идејата се родила во август 2007 година, кога идејниот татко на акцијата, амбасадорот на мирот на UNESCO, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов, трогнат од огромните катастрофални пожари, кои 2006 и 2007 ја соголија и опустошија Република Македонија, добива благородна идеја и поттикнува проект за масовно засадување на голините и опустошените планини.
Незаборавната изјава на уметникот дека „Не сме само ние жители на планет
ата, и шумите се жители како и ние“ –  и дека „Треба да се прогласи ден на жалост кога масовно умираат шумите“ – ја зароди и осемени големата идеја кон реализација. Иницијатива на господинот Трајанов, ја прифатија група ентузијасти, започнувајќи го проектот Ден на дрвото – засади ја својата иднина.

Пошумувањето е од особена важност за планетата земја и сите живи организми на неа. Еве некои интересни факти за важноста на дрвјата:

  • едно просечно дрво може да произведе 120 килограми кислород годишно;
  • едно дрво годишно апсорбира онолку јаглероден диоксид колку што произведува автомобил кој поминува 13 700 километри;
  • просечно дрво произведува има доволно дрвна маса за производство на 170 000 моливи.
  • највисокото дрво во светот е Секвојата, една единка во Калифорнија е висока повеќе од 110 метри;
  • рециклирањето на еден тон хартија може да спаси околу 17 дрва;
  • дрвата се организмите кои живеат најдолго на планетата;
  • просечно дрво во градските средини може да живее во просек околу 8 години;
  • најголемиот дел од кореновиот систем на едно дрво, корените кои ја влечат храната од почвата се наоѓаат во првите дваесет сантиметри под површината на земјата
  • се проценува дека постојат близу 100 000 различни видови на дрва во светот.

Новинарска статија од ученичката Емилија Чавлеска

  Фудбалерките од Климент Охридски

 

На 24.11.2011 во спортската сала ,,Маркови Кули“ на градскиот базен ќе се одигра фудбалски натпревар за девојчиња. Како и на сите спортски натпревари, така и на овој натпревар ќе учествува и женската екипа за фудбал на ОOУ Климент Охридски.

Тие ќе бидат облечени во портокалови дресови и црвени шорцеви, кои неодамна пристигнаа во училиштето.

На 23.11.2011 по повод ,,Денот на дрвото“ учениците ќе бидат ослободени од настава и дел од нив ќе засадуваат дрвца, а преостанатите ќе се погрижат да ги исчистат кабинетите во училиштата.

Па девојчињата од ОOУ „Климент Охридски“ се организираа да го искористат слободниот ден и да тренираат за престојаниот натпревар.

Се надеваме дека ќе победат и ќе го однесат првото место во Мал фудбал во женска категорија.

Со оваа статија ве повикуваме и вас да навивате за ,,фудбалерките“ и да ги бодрите да победат. Се надеваме дека нема да не разочараат.

 

Новинарска статија од ученикот Јане Јанески VIII – 2

 

Р.К. „Филип 07“ со нова победа

 

Ракометниот клуб „Филип 07“ остана единствена машка ракометна екипа која се натпреварува во лигата по згаснувањето на Р.К. „Златен даб“.

Р.К. „Филип 07“е втор на табелата во втората група од младинска лига. Тренерот А.Т. е задоволен од играта на играчите.  Тој вели дека сè уште е рано да го даде списокот на играчи во тимот. Во натпреварот од првото коло од втората полусезона Р.К. „Филип 07“ го совлада фаворитот Р.К. „Пелистер“ со убедливи 25-18 и се искачи на втората позиција. Првите две места од оваа западна младинска лига одат понатаму и се натпреваруваат во фајнал фор, за најдобра екипа во Македонија.

„Само со ваква игра можеме да го задржиме второто место и ќе имаме реални шанси за освојување на првото место, со што го добиваме полесниот противник во понатамошната фаза.“- изјави  тренерот А.Т. Во следното коло прилепските ракометари ги очекува тежок натпревар против Р.К. „Младост“ од Ресен, кој ќе се игра на гостински терен.

„Иако е тежок натпреварот, одиме за победа, да ги земеме трите бодови, па со евентуален пораз на Р.К. „Пелистер“, кои се први во групата, да се искачиме на првата позиција.“- надополнува А.Т.

Играчите на Р.К. „Филип 07“ заедно со тренерот  и претседателот на клубот, по завршувањето на сезоната ги чека тежок турнир во Белград, Србија, во кој домаќин ќе биде Р.К. „Ѕвезда“.

Натпревар по рецитирање

Секоја година по повод Месецот на книгата, Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, организира натпревар по рецитирање. Оваа година зедоа учество над 70 дечиња од општината Прилеп. И нашето училиште беше учесник со 10 тина деца. И оваа година докажавме дека меѓу нашите редови има дечиња што знаат убаво да рецитираат. Во првата категорија добивме второ и трето место.

This slideshow requires JavaScript.