
Прилепските професори по македонски јазик и литература формираа професионална заедница за учење. Имено заедницата е друштво кое е дел од сојузот на друштва на професорите по македонски јазик и литература (Сојуз на ДМЈЛ)
Оваа иницијатива се реализира поради желбата на голем број од професорите и професорките. Првата официјална средба беше одржана во ООУ „Кочо Рацин“, поддржана од советничката од Бирото за развој на образованието, Оливера Тодороска.
ЗУ (Заедницата за учење) е иницијатива произлезена од професорите по македонски јазик.
Таа е гласот на посветениот наставник, алатка која помага да бидеме подобри и ветер кој ќе ги истурка облаците на незнаењето.
Заедницата ги сочинува сите професорки и професори по македонски јазик и литература кои сакаат да напредуваат и да бидат достојни поколенија на св. Климентовиот аманет.
Идејата за оваа заедница е пред сЕ:
- професионален развој
- соработка
- јакнење на капацитетите
- подобрување на наставната програма по македонски јазик и литература
- дружење
- промоција на македонскиот јазик
- споделување позитивни практики
- поддршка…
Средбата течеше според агендата:
| 9:30 – 9:45 | Регистрација на учесниците |
| 9:45 – 10:00 | Поздравен говор од советничката Оливера Тодороска |
| 10:00 – 10:20 | Работилница –предизвици очекувања
Љупче Петрески |
| 10:20 – 10:45 | · Формирање активи (актив на основни училишта, актив на средни училишта)
· Избор на координатори |
| 10:45-11:10 | Работилница: Што ми треба?/Што можам да помогнам?
Јулијана Талеска |
| 11:10 – 11:30 | дискусија |
| 11:30 | Затворање на средбата, насоки за иден состанок по активи |
На координативната средба се избраа координатори од сите основни и средни училишта и се изведоа две работилници во кои се излистаа пред сЕ очекувањата на членовите, но и она што тие можат да го дадат за заедницата и она што им треба од неа.
Координатори по училишта
Основни училишта
| училиште | координатор |
| „Климент Охридски“ | Јулијана Талеска |
| „Кире Гаврилоски – Јане“ | Сузана Николоска |
| „Блаже Конески“ | Љубица Јованоска – Пашоска |
| „Гоце Делчев“ | Билјана Јагуриноска |
| „Кочо Рацин“ | Благојче Ристески |
| „Добре Јованоски“ | Панде Магдеска |
| „Рампо Левката“ | Билјана Ацеска |
| „Страшо Пинџур“ | Љупче Петрески |
| „Круме Волнароски“ | Марија Грижоска |
| „Кирил и Методиј“ | Ирена Трајкоска |
| „Ѓорче Петров“ – Ропотово | Соња Кировакова |
Средни училишта
| училиште | координатор |
| СОУ „Ѓорче Петров“ | Жанета Видевска |
| Гимназија „Мирче Ацев“ | Весна Михаиловска |
| СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ | Цеца Видова – Трајческа |
| СОУ „Орде Чопела“ | Елизабета Пирганоска |
| „Ристе Ристески – Ричко“ | Андријана Челебитова |
Низ работната средба се дискутираше и за тековни прашања поврзани со наставнито процес, планирањето на програмите и новиот список за лектирните изданија.
Сите заедно го поздравивме процесот и договоривме средба за октомври. На таа средба ќе се изготви годишната програма која што ќе прозилезе од сите нас.
Нашите активности може да ги следите на блогот: zuprilep.wordpress.com