
На 6.12.2018 се одржа по втор пат Ораторскиот натпревар кој е дел од чествувањето на Паатрониот празник на ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп.
На овој натпревар учествуваа 11 училишта од Прилеп и околината. Менторите оваа година покажаа дека вештината за говорништво е важна и основна вештина која треба да ја негуваат сите ученици.
На натпреварот, волонтерски учествуваа професорите:Цеца Видова – Трајчевска – Економско училиште „Кузман Јосифоски – Питу, Мартин Наумоски – гимназија „Мирче Ацев“ и Елизабета Пирганоска – Средно стручно училиште „Орде Чопела“ – Прилеп.
Настанот го разубавија и музичките виртуози на виолончело (Андријана Дукоска), виола (Љупчо Трајаноски), гитара (Михаил Јагуриноски), саксафон (Мирослав Миленкоски) и убавиот глас на Марија Стојаноска.
Настаното прекрасно го водеше ученичката Ана Нешкоска, а целосно беше реализаран од наставничките: Јулијана Талеска, Лилјана Здравеска, Каролина Јовеска, Лина Ѓорѓиоска, Зорица Трајаноска.

Учесници:
| Училиште | Ментор | Ученик |
| 1. „Климент Охридски“ – Прилеп | Билјана Наумоска-Шукуроска | Теодора Велкоска |
| 2. „Мирче Ацев“ – Лажани | Мирела Шкријељ | Минела Шкријељ |
| 3. „Рампо Левката“ – Прилеп | Билјана Ацеска | Ива Митревска |
| 4. „Гоце Делчев“ – Прилеп | Билјана Јагуриноска | Христијан Нашуловски |
| 5. „Манчу Матак“ – Кривогаштани | Весна Ацеска | Кристина Мојаноска |
| 6. „Кире Гаврилоски – Јане“ – Прилеп | Љупчо Петрески | Лина Тунеска |
| 7. „Пецо Даскалот“ – Долнени | Нове Богојески | Сара Петкоска |
| 8. „Кочо Рацин“ – Прилеп | Мартина Стојкоска | Николче Ангеловски |
| 9. „Св. Кирил и Методиј“ – Канатларци | Славица Стојаноска | Елсада Тмушиќ |
| 10. „Блаже Конески“ – Прилеп | Катерина Димкоска | Марија Стојаноска |
| 11. „Страшо Пинџур“ – Мало Коњари | Зорка Сотироска | Симона Настеска |
Првото место го освои ученикот Николче Ангеловски од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.
Второто место го освои Кристина Мојаноска од ООУ „Манчу Матак“-Кривогаштани.
Третото место, по одлука на комисијата беше поделено на двајца ученици: Христијан Нашуловски од „Гоце Делчев“ и Марија Стојаноска од „Блаже Конески“.