
Ако разговараш со некој на јазик што го знае, ќе допреш до неговиот ум. Ако зборуваш со некој на неговиот јазик, ќе допреш до неговото срце. -Нелсон Мандела-
Мајчиниот јазик е јазикот кој си го научил прв, јазикот на кој наједноставно се изразуваш, јазикот на кој што зборуваш кога си полн со емоции…
Меѓународниот ден на мајчиниот јазик почнува да се празнува во 1999 година. Мотивацијата за тоа прославување е немилиот настан во Бангладеж во кој многу луѓе ги изгубиле своите животи борејќи се за својот мајчин јазик.
Славењето на Денот на мајчиниот јазик би требало да нè потсети за грижата за својот јазик, но и да ни укаже за присуството на други јазици и на нашата должност тие да ги почитуваме и да ја промовираме лингвистичката разновидност и повеќејазичност низ светот.
Поради важноста на овој ден и љубовта кон јазиците што се зборуваат во нашата земја Македонија, направивме литературно читање на кое учествуваа десет ученици од различни училишта низ земјава и надвор од неа.

| Име и презиме | ментор | училиште | песна | јазик | |
| Павла Радосавлјевиќ | Стеван Дидула Јовановиќ | „Десанка Максимовиќ“ – Зајечар, Република Србија | „Благодарам на сонцето, на земјата, на тревата – Стеван Рачовиќ | Српски јазик | |
| Онур Хусени | Бурчу Али | „Мариф“ – Гостивар | Тиесет и петгодишна песна | Турски јазик | |
| Магдалена Радева | Стојна Живиќ | ООУ „Круме Кепески“ – Скопје | „Гуска“ Луо Пин Ванг | Кинески јазик | |
| Дукаѓин Јашари | Фросина Додевска | ООУ ,,Наим Фрашери” Куманово | „Мама“ – Алекс Ставри Дренова – Асдрени | Албански јазик | |
| Ивана Колчакоска одд | Надица Нане | ООУ „Никола Карев” – Крушево | “Нашето знаме” – “Flambura a noastra” | Влашки јазик | |
| Марија Јовеска | Јулијана Талеска | „Ѓорче Петров“ – Прилеп | „Дожд“ – Блаже Конески | Македонски јазик | |
| Салија Шабан | Ана Костадиновска | СУГС „Шаип Јусуф“ – Скопје | DUR TUTAR (превод: ДАЛЕКУ ОД ТЕБЕ) – од Ибраим Џемаил | Ромски јазик | |
| Михаела Пурдеска | Јулијана Талеска | ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп | „Девојче“ – Ненад Џамбазов | Македонски јазик | |
| Сумеја Џеладин | Ана Костадиновска | СУГС „Шаип Јусуф“ – Скопје | HAJDE AMALA TE OVA (превод: АЈДЕ ДА БИДЕМЕ ДРУГАРИ) – од Азис Селим | Ромски јазик | |
| Насир Зимбери | Мејрем Кадриу | „Панче Караѓозов“ – Скопје | Исмаил Кадаре | Албански јазик |
Беше вистинско богатство да се чујат сите овие прекрасни јазици на кои се зборува во Македонија. Учениците беа моитивирани и спремни да кажат и некој збор за авторот и на тие што не го разбираме јазикот на кој рецитираат ни кажуваа што се пее во песната. Иако, емоциите беа доволни да се почувствуав убавината на изборот што го направиле.






Овој настан беше збогатен и со учеството на поетот Филип Димкоски, кој беше водител на настанот. Филип започна со прекрасната песна „Македонскиот јазик“ од Гане Тодоровски.
Филип Димкоски (1995) е македонски поет, новинар и преведувач.
Автор е на книгите: „Најхранливи зборови од детска душа дарови“, „Божилак на исконот“, „Заедно да растеме“, „Во градината има само љубов“, „И каменот има душа“ и „Овошје и зеленчук“
Долгогодишен соработник е со додатокот за деца „Колибри“ и со најстариот дневен весник во Македонија, „Нова Македонија“. Преведува од хрватски, српски, бугарски и руски на македонски јазик. Препеал над 300 песни, две стихозбирки, еден драмски текст и еден роман.
Добитник е на наградите „Книжевно перо“ на Хрватското книжевно друштво, „Сима Цуциќ“ на Банатскиот културен центар. Добитник е и на престижната третономвриска награда што ја доделува Град Прилеп за афирмација на македонскиот јазик и образованието.
По професија е дипломиран земјоделски инженер. Живее, пишува и ја одгледува својата градина во родниот град Прилеп.






Да го негуваме нашиот јазик со тоа што ќе го научиме!
Сакајќи си го својот јазик, ќе ги сакаме и почитуваме и другите јазици.
СЕКОЈ ЈАЗИК Е НЕЧИЈ МАЈЧИН ЈАЗИК!
За тие што сакаа, а не можеа или подоцна дознаа, еве врска од настанот. Уживајте!
