Многу сум радосна и горда на моите ученички Ивана Паскоска од осмо одделение и Илина Јованоска од шесто одделение. Тие беа учеснички на финалето од националниот Натпревар во раскажување. Овој настан е дел од фондацијата „Ѓорѓе Маријановиќ“ и се состоеше од два дела. Првиот дел започна минатата година, со почетокот на училишната година ученичките читаа книги и правеа кратки видеа во кои започнуваа раскажување на книгата што ја прочитале. Книгата не ја завршуваа, туку избираа најинтересен дел на кој запираа со раскажувањето, за да нè заскокоткаат, да нè заинтересираат да ја прочитаме.
Денес тие беа дел од финалето на кое имаа задача да говорат пред публика и да раскажат една книга што претходно не ја раскажале. Иако бев оневозможена да појдам на настанот, родителките ме информираа телефонски и со видео и бев воодушевена од двете девојчиња.
Од Илина што се победи себеси. Застана и зборуваше и ни покажа дека може уште многу работи да ги прави онака како што треба. Од неа чекам уште многу успеси и проекти. Сепак, неа оваа година фокус ѝ беа државните натпревари по Информатика, Природни науки, Англиски јазик на кои освои високи места, па затоа не беше насочена кон снимањето видеа. Но учеството во финалето и настапот кој го изведе е една голем успех на кој се радувам многу.

Ивана навистина силно се посвети на овој натпревар и непрестано читаше. Постојано разговаравме за следната книга и мислам дека сега заслужува едно лето со многу игра и забава 😊 Сепак не смее да се изостави тоа дека нејзината мајка, Тања, беше ветер во грбот и најголемата поддршка да се изведе сè како што треба.
Ивана снимаше на многу локации, но најубавите видеа ѝ се во нашето училиште. Внимателно ги бираше најубавите катчиња од нашето училиште во расцветување и ги раскажуваше книгите на своите школски другарки и другари. На страницата од Фондацијата објавени се 46 видеа, но Ивана успеа да сними 58 и сите се наоѓаат на Јутуб каналот од нејзината мајка.
На овој натпревар жирито одлучи Ивана да го добие ТРЕТОТО МЕСТО… тие рангирања за мене се релативна работа. Она што овие девојчиња го добија не може да се рангира со место. Затоа овие девојки сте апсолутни победници за мене. Затоа што кога ќе се победиш себеси, ти си ги победил сите!
Видеата од овие девојки може да ги видите на овие врски:


























































