ПРАВИМЕ ДЕТСКО СПИСАНИЕ

Наставното подрачје МЕДИУМСКА КУЛТУРА отвора многу можности за интересни часови. Еден до нив беше часот во ООУ „Добре Јованоски“.

Учениците на претходниот час учеа за електронски и печатени медиуми.

За полесно да ги разберат, тие истражуваа за печатените медиуми. Си одбраа по една област и секој доби празен лист на кој од девте страни требаше да го уреди со содржина. Учениците направија детско списание „Детска радост“. Редакцијата беше многу ангажирана и сериозна 🙂

НАШИТЕ НАВИВАЧИ ПОВТОРНО ВО АКЦИЈА

This slideshow requires JavaScript.

Огромна чест и задоволство ни претставуваше тоа што нашата победничка маска „Навиваме за Македонија“ беше дел од отворањето на спортската манифестација ГИМНАЗИЈАДА 2012. Нашите навивачи продефилираа на отворањето и им посакаа среќа на натпреварувачките тимови.

 

index.php?option=com_content&task=view&id=1509&Itemid=1

ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА

This slideshow requires JavaScript.

Месецот март е месец на ФРАНКОФОНИЈАТА во целиот свет. И овде, во нашето училиште се изучува францускиот јазик, што би значело дека и ние сме франкофони.

Токму затоа членовите од француската секција што ја води наставничката Ленче Вренцоска и сите ученици што го изучуваат францускиот јазик го одбележаа овој месец со повеќе активности.

Во холот од нашето училиште учениците направија изложба која што може да се види од фотографиите подолу.

Учениците Александар Здравков и Теодора Тасевска читаа извадоци француската литература. Оваа манифестација ја чествуваше и 300 – годишнината од раѓањето на Жан Жак Русо.

Еве некоја негова мисла:

Ремек дело на доброто воспитание е да створиш разумен човек

Најлошото воспитание е да го оставиш детето да лебди меѓу неговите и вашите желби и постојано меѓусебе да се расправате кој кму ќе биде учител.

На одморите преку разгласот се слушаат прекрасни фрацуски песни по избор на учениците.

АКТЕРОТ АЛЕКСАНДАР ТОДЕСКИ НА ГОСТИ ВО НАШАТА УЧИЛНИЦА

This slideshow requires JavaScript.

На огромно задоволство на учениците од осмо одделение, на гости во нашата училница дојде познатиот прилепски актер Александар Тодески. Учениците имаа можност низ дискусија со актерот да дознаат многу работи поврзани со филмот и со театарот. Исто така тие имаа задача да направат портрет на неговиот лик и да напишат што научиле на часот.

Еве што кажаа за него:

Пред неколку дена, благодарение на наставничката по македонски јазик, Јулијана Талеска, имавме можност да видиме вистински актер кој можевме да го прашаме сè што не интересира за неговата професија и работите со кои се соочил поради неа.
Актерот кој не` посети е Александар Тодески. Тој е дваесет и осум годишен човек кој е многу успешен во својата професија и има освоено многу награди. Тој нема глумено во филм, но затоа има искуство со реклами, а има и снимено документарен филм. Има учествувано во околу седумнаесет претстави, не броејќи ги и детските. Најпознати претстави во кои глумел се: ,,Рибарски караници“ , ,,Тапани во ноќта“ „Калигула“, „Кавкаски круг со креда“, „Светилникот“ и други. Александар ни откри дека глумата му е и наследна (неговиот татко е исто така глумец, почитуваниот актер Најдо Тодески), но и дека ја избрал за негова професија по своја желба, а тоа го покажува со своето глумење уште на 5 години, кога глумел за прв пат и имал улога малечко сираче. Омилена претстава во која има глумено му  ,,Службогонци“. Потешкотии со глумењето, понекогаш му се појавуваат но успева лесно да ги реши со помош на неговите колеги актери. Исто така ни откри и дека најмила награда му е онаа за колективна игра. Детските претстави во кои има учествувано траат околу час, а нормалните претстави околу час и половина, но најдолга претстава во која има учествувано е ,,Калигула“ која траела околу два часа и триесет минути.
Во врска со глумата како професија, ни кажа и ни посочи дека иако за шминката има личност која е задолжена, доколку некој сака може и сам да се погрижи за неа, потоа дека улогите најчесто се доделувани од режисерот, како и дека суфлерот им помага кога текстот е поголем.
Што се однесува до текстот, ни кажа дека учењето не е многу тешко бидејќи десетина дена со ред седат и само го читаат, како и тоа дека пред да треба да ја изведуваат претставата доаѓаат некое време порано за да го извежбаат, во зависност од неговата должина.
За глумењето ни откри дека е навистина тешко кога тие глумат, а публиката дофрла, слика, свирка и слично. Ни кажа и дека, пред сè потребно е многу напор, талент, комуникативност и упорност, но дека сепак крајниот производ е успешен благодарение на заедничката посветеност и напорна работа, како и тоа дека наградата за сето тоа е задоволството и аплаузот на публиката.
За крај, Александар ни кажа дека животот како актер е забавен и возбудлив бидејќи никогаш не знаеш што ќе бидеш следно: доктор, полицаец, наставник, крадец, зависник, крал, лекар и т.н. , а ни препорача и да го посетуваме театарот колку што можеме почесто.

Што научивме од актерот?

Александар Тодески е актер во прилепскиот театар.Има дваесет и осум години, а првата улога ја добил уште од својата петта година во која глумел малечко сираче. Актерството му e и наследно, но тој го избрал истото затоа што го сакал тоа. Настапувал на многу фестивали и секогаш освојувал многу награди (заедно со својата екипа). Има глумено во околу седумнаесет професионални претстави. Омилена претстава и претстава со најголем успех му е ,,Колективна игра‘’. Нема глумено во филм, но има снимано реклами и документарни филмови.
Од актерот научивме дека на секој актер секоја улога му е омилина и своја, доколку доволно добро се внеси во улогата. Улогите му ги дава режисерот, а режисерот ги следи актерите како глумат и како се однесуваат пред да им ја додели улогата. Исто така научивме дека во претставата има: кореограф, шминкер, костимограф и глумци. На Александар, како и на секој актер му е потребна помош од суфлер. Му се имало случено да го згреши текстот при глумење, но ако не може сам да се снајде, да се извлече, треба да му помогнат колегите. Пред да почни претсавата на актерите му треба околу еден час за да се подготват за професионални претстави, а додека за помалите претстави му треба околу триесет минути.
Една професионална претстава трае оклоу два часа и триесет минути, а додека една детска претстава трае околу еден час. Му се случило да му дофрлаат од публиката со што секако се губи концентрација, но сепак една од квалитетите на актерот е да ги игнорираат таквите дофрлања.
И за крај Александар ни кажа дека за да станеш актер треба многу напор, талент, да бидеш комуникативен, да не бидеш срамежлив, да бидеш музикален и ако се сака сè се може. Чувството по завршувањето на претставата е прекрасно и се разбира аплаузот, е она за кое актерите глумат. Според него актерите глумат на работа, а во реалниот живот се искрени, за разлика од другите луѓе кои глумат постојано.
Александар ни препорача да одиме на театар и да гледаме претстави.