Учениците од шесто одделение на часот по македонски јазик твореа еко-пораки на определени теми од екологијата. Часот беше весел, опуштен и многу креативен. Освен што твореа и дискутираа за важноста на еко-свеста кај младите денес, тие пораките ги украсуваа и ги правеа много убави и весели. Потоа заеднички ги одбираа најубавите пораки и ги лепеа на хамер, тако што направија ѕиден весник кој стои во секоја училница и ги потсетува за важноста на еко – свеста.
на час
ДРАМА – ШЕЈК :)
Обземени од харлем еуфоријата и ние направивме еден, ама ова не е харлем – шејк, туку е ДРАМА ШЕЈК 🙂
ВЕЖБИ ЗА ИНТЕРПУНКЦИСКИ И ПРАВОПИСНИ ЗНАЦИ
Нашите ученици покажаа дека можат да ги користат интерпункциските и правописните знаци, не само во текстовите, туку и за креативни цели. Сега можат да разговараат на интернет со своите пријатели на скајп и месеинџер без пишување букви 🙂
КРАТКИ ЕКО ФИМОВИ
Учениците од VII3 одделение ја покажаа својата креативност при снимањето на кратките еко филмови. Всушност целта на тоа снимање беше дел од програмата Еко-училиште. Тие на часовите се запознаваа со термините: филмска идеја, синопсис, сценарио, книга на снимање… и се обидоа да направат кратко сценарио за филмови со еколошка содржина. Кратките филмови се аматерски и снимани се од мобилен телефон и фото апарат, но желбата и обидот се за поздравување.
Еко – пораки
Денес, учениците од VI – 6 одделение од ООУ „Добре Јованоски“ направија еко – проект. Идејата беше да се истражува на интернет за еколошки пораки, од кои што подоцна се селектираа најдобрите и се запишуваа на хартија во боја. Потоа пораките се лепеа на хамер кој сега ја краси нивната училница. Овој проект ги научи децата да бидат поодговорни и посвесни во однос на трошењето електрична енергија, вода, грижата за природата и училиштето и училишниот двор. Низ игра и забава тие сфатија дека е многу важно да се има еко-свест.
Проекција на „Чорбаџи Теодос“
Една од најинтересните лектири за осмите одделенија е драмата „Чорбаџи Теодос“. Освен што учениците можеа да и` се восхитуваат читајќи ја и драматизирајќи ја, тие имаа можност и да ја видат нејзината изведба. Часот течеше во смеа и восхит на добро познатите актери, кои за жал денес поголем дел од нив ги нема. Ликовите на Теодос, Евка, Наца, Томче, особено ликот на Арсо, па Поцко, Доцко, Цонка… оставија голем впечаток кај учениците.
МОЈОТ ПРОНАЈДОК ЌЕ ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ
На часот по изразување и творење учениците измислуваа пронајдоци кои ќе го променат светот во идината. Инспирирани од научно-фантастичните романи за кои што учевме, измислувавме пронајдоци за кои што, имајќи го предвид Жил Верн 🙂 се надеваме дека еден ден навистина ќе ги има.
Еве некој од нашите идеи:
Мојот пронајдок го промени светот
Мојот пронајдок е навидум обичен ранец, но кога ќе се притисне стартното копче, тој се расклопува и се претвора во две крилја. Рачките на ранецот кои стојат околу рамената имаат два продолжетоци кои безболно се прикачуваат на дланките и така брзината на машината е контролирана од волјата, а нејзиното вртење од движењето на рацете. Што се однесува до начинот на работа, машината работи на нуклеарна енергија, т.е. не испушта никакви гасови или било какви други штетни материи кои би загадувале. Сметам дека благодарение на овој пронајдок ќе дишеме почист воздух, а озонската обвивка нема да се оштетува и со тоа штетните ултравиолетови зраци нема да стигнуваат до нас.
Лиле Димкоска VIII – 3
Во 2012 година започнав да го правам проектот „3D со мирис“. Тоа беше телевизор што емитува 3D телевизија што пушта мирис. Ваквиот телевизор не беше како другите телевизори што емитуваат тридемензионална слика. Со овај телевизор кога ќе ги ставиш очилата исчезнува се друго освен сликата на екранот, а на човекот што гледа телевизија му се чини дека е реалност.
Во телевизорот имаше преку 100 матични плочи. Имаше петнаесет јадра со брзина од 20000 GHz. Телевизорот беше на „тач“ и беше како компјутер. Имаше можност да му се стави картичка од мобилен и истовремено можеше да функционира како телефон.
Мојот пронајдок за брзо време почна да се користи во многу кина и други компании. Се градеа огромни кино сали за околу 50000 луѓе. После пет години откако излезе овај телевизор околу 97 % од населението во светот во својот дом го имаше овај телевизор.
Бојан Илиоски VIII – 2
Јас пронајдов машина за производство на свежо овошје. Машината е висока 10m, широка 5m и долга е 20m. Работи на сила од 6000v (вати) струја. На неа работат роботи, но може да работат и луѓе, но им треба заштитна опрема поради големата јачина на струја. Кај машината е многу интересно тоа што таа во зима произведува: Лубеници, Дињи, Јаготки, Праски, Кајсии и сл., а пак во лето произведува: Јаболка, Портокали, Киви и сл. Јас оваа машина ја имав направено само во еден примерок и се наоѓаше во мојот дом. Сите скици и цртежи што ги направив додека ја правев машината ги чував затоа што ако се расипи да знам кој дел каде е за побрзо да ја поправам. Вестите на 3 Април 2011 година многу ме вознемирија затоа што рекоа дека овошјето глобално е оскапено така што само богатите луѓе можеа да го купат. Тогаш јас си реков: Зошто да биде ова така, јас со мојата машина за овошје ќе го сменам ова. И така направив, ја товарив машината и отидов во Америка и ја промовирав машината. На промоцијата имаше фирми кои се занимаваа со производство на овошје .Кога ја видоа мојата машина тие многу се изненадија, но воедно и многу фирми порачаа да доставам по една машина во нивните фабрики. Истото го направив и во други земји и јас мислам дека со тоа го променив светот и сум многу задоволен.
Александар Костоски VIII – 2
Многу луѓе сакаат да патуваат низ светот, но за тоа треба да платат многу пари. Поради тоа јас измислив една машина која е во вид на прстен, со која што можеш да одиш каде ќе посакаш без да платиш многу пари за авионски билет и нема да патуваш многу долго, туку само една минута. За да стасаш од едно до друго место за толку кратко време треба само да го ставиш прстенот на прстот и да го кажеш местото каде сакаш да одиш и после една минута ти ќе се најдеш на тоа место. Со оваа моја машина луѓето одат секаде низ светот, посетуваат различни места, запознаваат различни луѓе, и сето тоа го прават бесплатно.
Маријана Димоска VIII-2
ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ
На часот по македонски јазик седмооделенците имаа жестоки дебати на многу интересни теми.
Всушност учениците даваа ставови за некои прашања поврзани со наставата, а потоа дебатираа за нив. Често се наоѓаа во интересни ситуации, да бранат став со кој не се согласуваат, но тоа им помогна да научат уште некоја вештина на дебатирањето.
Од голмиот број теми кои беа предложени најинтересни беа:
- Часовите треба да траат по 30 минути.
- На секој трет месец треба да се оди на ексурзија.
- Да се учи два дена и пет да се одмора.
- Честите екскурзии можат да ја загадат природата.
- Не треба да се учи граматика.
- Македонски јазик треба да се учи со 5 часа во неделата…



















