КРАТОК ФИЛМ НА ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА – „СИТЕ ДЕТСКИ ПАТЕКИ ВОДАТ ОД ИГРА ДО СЛОБОДА“

Овој краток филм е дело на Драмската секција од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп. Со него учествуваме на Единаесеттиот меѓународен детски фестивал „Креативна магија“.
(11.DEČJI MEĐUNARODNI FESTIVAL „KREATIVNA ČAROLIJA“ Mionica-Banja Vrujci) кој ќе се одржи на 17-18 април, 2015.

Филмот беше мотивиран од конкурсот на тема „Сите детски патеки водат од игра до слобода“. На сценариото работеше целата секција. Идеите доаѓаа брзо и целото снимање беше една прекрасна авантура. Дел од овој проект е и ученикот Горан Попоски, кој со својата камера и умешност, направи овие идеи да станат реалност. Со кадрите сакавме да го оправдаме насловот. Секоја детска игра е симбол на слободата. Штом играме, ние сме слободни!!!

Еве дел од моментите на снимањето:

This slideshow requires JavaScript.

 

 

 

 

МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО НАСТАВАТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Мајчиниот јазик е основниот наставен предмет во сите образовни системи. Тој го зазема првото место во училишниот дневник. Неговото значење денес, за жал е занемарено, но и покрај тоа, тој предмет е она од што сè друго произлегува. Широчината на темите и големиот видокруг на нештата овозможуваат многу имплементации во самата наставна програма. Една од нив е и МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ.
За имплементацијата на Мировното образование во мојата училница напишав труд и постер презентација кои ги изложив на Првата едуконференција коај што се одржа во Струга 25-26 јануари.

20150124_163218

Целосното образложување на идејата и нејзината реализација е додаена во страната „Авторски текстови“.

ВИДЕО ЗАПИС НА „МАРИОВСКИТЕ БРБЛИВКИ“

И оваа година нашата драмска секција напорно работеше на проектот „Музеите во училиштата и училиштата во музите“. По многубројните проби, ученичките имаа можност да ја снимат драматизацијата на нашето убаво Маркукуле. Еве како испадна видеото…

ПРОЕКТ „УЧИЛИШТАТА ВО МУЗЕИТЕ И МУЗЕИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА“

Оваа година нашето училиште повторно соработуваше со Музејот на град Прилеп на проектот „Музеите во училиштата и училиштата во музеите“. Овој пат ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА имаше задача да изведе точка во која ќе има озборување. Најдоброто озборување на чешма го направија седум ученички од осмо одделение (деветтолетка). Годинава направивме сценарио мотивирано од познатиот роман „Крпен живот“. Озборувањето на Доста Рожденката на чешма беше едно ново искуство за нас.

Подготовките траеја два месеци. Напорните проби по три пати неделно, самостојната работа дома и талентот, направија една убава театарска дружина која уживаше во работата.

На средината од подготовките ни дојдоа на гости координаторот на проектот, господинот Александар Цветкоски и неговиот асистент. Средбата беше многу корисна, Добивме поддршка за работата, совети за понатаму и ја договривме логистичката поддршка за снимањето.

Кога заклучивме дека сме спремни, се договоривме и снимавме. Снимањето беше едно ново и интересно доживување за сите. Локацијата беше на Варош, во близна на прекрасните карпи, на една чешмичка која за жал не течеше, ама затоа наоколу се лееше смеа и радост.

This slideshow requires JavaScript.

Со овој перформанс нашата секција ќе учествува на општинскиот натпревар на кој ќе учествуваат сите основни училишта од Прилеп. Се надеваме дека добро ќе поминеме 🙂

ПОСЕТА НА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ – ПРИЛЕП

учениците од VI – 6 од ООУ „Добре Јованоски“ на часот по македонски јазик беа во градската библиотека „Борка Талески“.

Имавме прекрасно дружење. Тргнавме пешки од училиштето, денот беше прекрасен, сончев и пријатен за прошетка. Во библиотеката, на наше огромно задоволство бевме пречекани од самиот директор. Тој не` шеташе низ штандовите, не` однесе во просторијата каде што се чуваат книгите, ни ги покажа новите изданија, потоа бевме во реновираната просторија за промоции и состаноци. Учениците ги разгледуваа книгите, поставуваа прашања и добија желба да се зачленат во библиотеката.

Нашиот прекрасен ден може да се види на следниве фотографии…

Еден малку поразличен час…

Во соработка со наставникот по ликовно образование Дарко Талески, нашето училиште зеде учество во проектот Fun education stop motion animation, проект кој е направен од наставници и ученици и има освоено прво место на Европскиот Форумот за иновативни наставници.

Неколку наставници од училиштето по различни предмети направивме видеа со определени наставни единици кои можеме да ги коиристим во наставата.

Јас ја зедов наставната единица Поим за романса. Песната која што ја обработуваме на час се вика „Стојан и Бојана“
Во овој проект учествуваа учениците:

Антонио Илиоски  VIII одд. – како наратор

Катерина Паскоска VIII одд.  – цртежи

Гордана Иваноска, Евгенија Јакимоска и Теа Велкоска од VII одд. поместување на фигури и фотографирање.