Согласките на крајот од зборовите (Обезвучување)

ВОВЕДЕН ДЕЛ:

Наставничката поставува прашања од изучениот материјал од фонетика, а учениците се потсетуваат на претходните знаења и ги одговараат прашањата. За испрашувањето ја користи техниката змија: На хартија има нацртано змија чие што тело е поделено на 14 делови. Секој дел е означен со броеви. Учениците, доброволно се јавуваат и одбираат број. Наставничката лепи стикер на бројот од змијата и им го чита прашањето. Ако не го знаат, сами одбираат ученик/чка кои ќе го одговорат.

Прашања:

  • Од што е составен текстот?
  • Од што се составени речениците?
  • Од што се составени зборовите?
  • Од што се составени слоговите?
  • Што одговара на секоја буква?
  • Колку гласови има во македонскиот јазик?
  • Што е гласот?
  • Како се вика науката што ги проучува гласовите?
  • Kако се делат гласовите?
  • Што се согласки?
  • Што се самогласки?
  • Која согласка може да има функција на самогласка?
  • Како се делат самогласките според звучноста?
  • Што претставуваше едначење на согласките по звучност?

ГЛАВЕН ДЕЛ:

Откако се заклучува дека е совладан материјалот за едначење на согласките, наставничката започнува со новата наставна содржина. На учениците им дели листови на кои има напишано зборчиња. Секој ученик влечи по едно. Нивната задача е да го препишат зборчето во тетратката и еден по еден да ги прочитаат.

Наставничката поставува прашање: Дали тоа што го прочитавте исто се запишува? Учениците забележуваат дека на крајот од зборот имаме промена на гласот. Наставничката користејќи го ѕидниот весник демонстрира дека сите примери ја содржат гласовната промена: обезвучување на согласките на крајот од зборот.

Бара од учениците, гледајќи ја табелата да кажат која звучна согласка преминала во безвучна. Ги слуша внимателно и ако има потреба се вклучува со дообјаснувања.

Наставничката го диктира во тетратката она до што се дојде:

Гласовната промена кога звучните согласки на крајот од зборот се изговараат како безвучни се вика ОБЕЗВУЧУВАЊЕ НА СОГЛАСКИТЕ.

Потоа бара од учениците да ги членуваат зборчињата што ги добиле. Запишува на таблата неколку примери: леб-лебот. Им образложува на учениците: ако некогаш не се сигурни која буква треба да стои, нека го членуваат зборот и така нема да погрешат.

ЗАВРШЕН ДЕЛ:

Им дели на учениците наставни листови во кои учениците треба да ги пронајдат грешките и да ги запишат речениците како што е правилно. Дискутираат за секој пример одделно:

Наставен лист:

  1. Денес беф в грат.
  2. Мечката јаде мет.
  3. Нис дворот протрча еш.
  4. Отидоф в грат и купиф орис, леп и прас.
  5. Заврна силен дош.

 Наставничката им лепи на таблата веќе нацртан крстозбор на кој се напишани дел од зборовите. Учениците треба да ги пронајдат останатите, со тоа што знаат дека се работи за зборови кои во себе ја содржат гласовната промена обезвучување. Ако нема време од часот, наставничката го лепи табакот и го остава да го решат на одморот. Од акростихот кој произлегува од крстозборот, таа се збогува со учениците.

П р а в
Р и д
И Г Л А
Ј А С Н О
А В И О Н
Т А Т К О
Н о ж
О б р а з

*За реализација на воведната активност им благодарам на ученичките од IX – 4 одд. што ја нацртаа и украсија змијата. Создадоа ресурс кој ќе се користи во иднина.

ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

images

Според употребената техника при снимањето, филмовите можат да се распоредат во следниве три родови:
-документарни
-играни
-анимирани

Документарниот филм ги прикажува фактите од реалниот живот онакви какви што се. Тој прикажува некоја појава или проблем, при што зазема став (но сепак не смее тој став да се постави како апсолутна вистина) или дава визуелна информација за определен настан или појава

– факти (неоспорни, објективни, докази, вистински настани или податоци)
Тоа прикажување може да биде на лице место или по пат на реконструкција (прикажување на случајот или настанот преку веќе регистрирани документи – вести, изјави, весник, фотографии, видеа, ракопис…
Целта на документарниот филм е да се прикаже вистинската страна на некоја тема или случување. Сепак документарниот филм може да прикажува лаги и пропаганди, да ја извртува вистината со цел да манипулира со гледачите.

Првите документарни филмови:
1. Жито за народот (1947) Трајче Попов https://www.youtube.com/watch?v=lE_-bGvtZt0
2. Галичка свадба https://www.youtube.com/watch?v=ChgE8Vq6Plw
3. Македонски тутун https://www.youtube.com/watch?v=NDcUwuwI-ws
Листа на линкови со документарни филмови (составена од моите ученици):

Село Староец https://vimeo.com/39220665

Приказна за една соба https://vimeo.com/18535830

Дневникот на Пол Баленовиќ https://www.youtube.com/watch?v=HMvcmjRQaGY
(BBC – на англиски)

Барака https://vimeo.com/36747247

THE SECRET STORY OF PLANET MARS – Documentary 2014  https://www.youtube.com/watch?v=Zw2fycH-Avc

Megalodon Giant Killer Shark(full documentary)HD  https://www.youtube.com/watch?v=b-tt1E2hpD4

По трагите на јагулите  https://www.youtube.com/watch?v=bcfQzLPXdn0

„Во срцето на Балканот – барајќи го рисот”  https://www.youtube.com/watch?v=5dwJctsT_cQ

Македонија во слики (1923) Документарен филм (Арсениј Јовков)  https://www.youtube.com/watch?v=6ShYoAchMnU

Шест саати до небото:Тоше Проески   https://www.youtube.com/watch?v=oCHo5SuTNv0