ДРАМСКО ДРУГАРУВАЊЕ

На наше огромно задоволство оваа година повторно ни дојде во нашата училница актерот Александар Тодески. Со осмооделенците помина прекрасни часови во кои сите научивем по нешто за театарот и за филмот.

Освен дискусијата која што течеше целиот час, учениците имаа можност да видат дел од претставата „Волшебникот од Оз“ и голем број фотографии на кои глуми нашиот актер.

На крајот од часот учениците изглумија делови од претставите што ги спремаме во драмската секција.

This slideshow requires JavaScript.

ОСВРТ НА ПРОЕКТОТ „УЧИЛИШТАТА ВО МУЗЕИТЕ И МУЗЕИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА“

This slideshow requires JavaScript.

За овој проект имаме зборувано во текстовите подолу, целосната негова реализација се оствари пред некој ден.

Овој албум дава осврт на сите случувања на проектот.

Проектот се состоеше од повеќе етапи:

  1. Почетна работилница со наставници, запознавање со активностите
  2. Работилница со директори
  3. Оформување на драмска група
  4. Вежбање на драмскиот перформанс
  5. Работилница и театарски натпревар
  6. Снимање на материјалот
  7. Снимање на трите победнички групи во с. Небрегово
  8. Доделување на дипломи и компакт дискови со снимениот материјал

…од Прославата на Патрониот празник

На овогодинешниот Патрон празник, во чест на нашиот просветител и учител, св. Климент, и во чест на 50 години од основањето на нашето училиште, драмската секција се претстави со перформансот „Св. Климент Охридски“.

За оваа точка се спремавме од самиот почеток на школската година. Вложивме многу, го добивме она што може да го видите на видеото…

ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА НА ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА

Денес драмската секција се журкаше на својот последен час за оваа година. Забавата беше кратка, ама сепак супер си поминавме. Најпрвин започна со откривање на својата честитка, во дваесеттината честитки залепени насекаде низ просторијата, потоа се нафрливме на масата полна со смоки, малку џускавме од џусот, испеавме песна две, и потоа ги игравме нашите омилени енерџајзери…

 

 

DSC01836 DSC01837 DSC01838 DSC01835 DSC01833 DSC01831 DSC01826 DSC01827 DSC01828 DSC01822 DSC01823 DSC01824 DSC01819 DSC01820 DSC01838 DSC01818 DSC01836 DSC01835 DSC01833 DSC01827 DSC01828 DSC01831 DSC01824

ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА СО ВИДЕО ЗАПИС

Наставничките Лилјана Здравеска и Јулијана Талеска, со дел од учениците, членови на драмската секција беа реализатори на проектот „Школите во музеите и музеите во школите“ – проект финансиран од Минстерството за култура под иницијатива на Музејот на град Прилеп.

Театарската дружина доби второ место на училишниот натпревар во кој зедоа учество седум основни училишта од нашиот град и доби можност за видео запис на својот перформанс „Животот на село“.

Тој видео запис може да го видите овде.

 

 

ПРОЕКТ „УЧИЛИШТЕТО ВО МУЗЕИТЕ ИЛИ МУЗЕЈОТ ВО УЧИЛИШТАТА“

Нашето училиште и оваа година зеде учество на повеќегодишниот проект  „УЧИЛИШТЕТО ВО МУЗЕИТЕ ИЛИ МУЗЕЈОТ ВО УЧИЛИШТАТА“ кој што е финансиран и одобрен од Министерството за култура.

На наше огромно задоволство, дел од членовите на драмската секција успеаја да го земат второто место и деновиве нетрпеливо чекаат да започнат со филмување на нивниот драмски перформанс.

Наставничките Јулијана Талеска и Лилјана Здравеска беа дел од тимот кој работеше неуморно и успеа да постигне видни резултати.

Учениците настапија со перформансот „Селски живот“ во кој играа типични улоги преку кои се доловуваат верувањата, традицијата и културата на населениоето во селата.

Низ ова драмско дружење тие дознаа многу работи што не ги знаеја за селото.

Исто така овој проект предвидува документирање на материјалот на компакт диск. Наскоро секој ќе може да ги види драмските способности на нашите осум вредни ученици и ученички.

This slideshow requires JavaScript.

Halloween во нашето училиште

На овој страшен, многу страшен ден, нашето училиште се наполни со мали вештерчиња, ѓаволчиња, духчиња… имаше и костури и лоши вили… страшно страшно беше…

Се собрале во ООУ „Кочо Рацин“, се договриле и дошле кај нас, кај нашите вештерчиња, духчиња и ѓаволчиња 🙂

И така заедно направија гоооолема журка, јадеа тикви, слатки и пиеја некои чудни напитоци во боја. (хоооооооо хооооо хоооо)

 

This slideshow requires JavaScript.

ТРИ ПРЕКРАСНИ ПОВОДИ ЗА СВЕЧЕНА ПРОСЛАВА

Нашето училиште денес имаше три прекрасни поводи за славење. Сите три еднакво и достојно ги одбележа. Најпрво со свечена програма беше чествуван СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ, потоа на сите дечиња од училиштето им се честита ДЕТСКАТА НЕДЕЛА и на крајот нашите драги првачиња беа собрани во наставничката канцеларија каде што им беше приредена кратка програма од своите постари другарчиња. Поводот беше делење на ученичките легитимации. Овие мали и слатки првачиња добија „пасош“ за престој во светот на знаењето.  Дел од прекрасната ќе ви го доловиме со долуприкажаните фотографии и едно видео од прекрасниот настап на „Кирилица“ од Влатко Стефановски.

ХЕПЕНИНГ НА ГРАДСКИОТ ЅИД „24 МАЈ“

По повод 24 Мај – денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, веќе традиционално, детските градинки од градот организираат хепенинг. Оваа година нашето училиште имаше чест да го води ова случување. Нашите осмоодделенци Јане Јанески и Марија Зероска беа водители на хепенингот, чиешто сценарио беше напишано од нивата наставничка 🙂

Прекрасниот хепенинг беше составен од два блока. Првиот посветен на ндечињата од градинките, а вториот за учениците од основните училишта. Нашето училиште настапи со балетот Кан-кан и рециталот Маѓепсникот и птиците.

Целиот град беше излезен на градскиот ѕид и уживаше во шарените бои на дечињата кои се заблагодаруваа за големите дарови од нашите учители Кирил и Методиј.

This slideshow requires JavaScript.

РЕВИЈАЛНА ВЕЧЕР

На огромна радост на сите ученици од градот Прилеп, повторно можевме да бидеме дел од Ревијалната вечер. Секое училиште настапуваше со три најдобри точки. Уште поубаво беше тоа што овој настан беше со хуманитарен карактер, поточно влезниците од претставата ќе бидат донирани за иградба на црквата „Света Петка“ во Точила. Нашето училиште зеде учество со два балети и една рецитација. Го добивме второто место. В година се андеваме на прво 🙂

This slideshow requires JavaScript.