Ученичките од VIII – 3 одделение (Кате, Симона, Еми, Ангела. Роберта, Анастасија) беа дел од проектот „Прегратка на дар“. Со помош на прирачниците на страната Рингераја направија играчиња кои добијаа дом кај дечиња низ цела Македонија.
Координатор за нашето училиште е наставничката Фросина Ацеска, таа заедно со незините ученици и со помош на голем дел од одделенските наставници и дел од предметните, направија многу играчки. Со овој проект нашето училиште покажа и докажа дека е хумано и дека сака да биде дел од вакви проекти.
За Новогодишните празници, проектот „Прегратка на дар“ се реализира во болницата во Прилеп. Наставничката Фросина Ацеска беше присутна на доделувањето на подароците. На страната http://www.ringeraja.mk/statija/podareni-se-igrachki-vo-opshta-bolnica—prilep_1732.html?page=1&imageID=2153#image-link може да се види целосната реализација на проектот.
Оваа иницијатива не прекинува овде, нашите ученици решија да направат нови играчки и да им ги подарат на нашите првачиња.