ХЕПЕНИНГ НА ГРАДСКИОТ ЅИД „24 МАЈ“

По повод 24 Мај – денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, веќе традиционално, детските градинки од градот организираат хепенинг. Оваа година нашето училиште имаше чест да го води ова случување. Нашите осмоодделенци Јане Јанески и Марија Зероска беа водители на хепенингот, чиешто сценарио беше напишано од нивата наставничка 🙂

Прекрасниот хепенинг беше составен од два блока. Првиот посветен на ндечињата од градинките, а вториот за учениците од основните училишта. Нашето училиште настапи со балетот Кан-кан и рециталот Маѓепсникот и птиците.

Целиот град беше излезен на градскиот ѕид и уживаше во шарените бои на дечињата кои се заблагодаруваа за големите дарови од нашите учители Кирил и Методиј.

This slideshow requires JavaScript.

РЕВИЈАЛНА ВЕЧЕР

На огромна радост на сите ученици од градот Прилеп, повторно можевме да бидеме дел од Ревијалната вечер. Секое училиште настапуваше со три најдобри точки. Уште поубаво беше тоа што овој настан беше со хуманитарен карактер, поточно влезниците од претставата ќе бидат донирани за иградба на црквата „Света Петка“ во Точила. Нашето училиште зеде учество со два балети и една рецитација. Го добивме второто место. В година се андеваме на прво 🙂

This slideshow requires JavaScript.

ГОДИШНА ПРОГРАМА НА ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – ПРИЛЕП 2012 ГОДИНА

Овогодинештната Годишна програма на нашето училиште имаше прекрасно мото: ДА СЕ САКАМЕ, тоа беше идеја на нашата наставничка по француски јазик, Ленче Вренцоска, која ја промовира во точката посветена на говорот на Виктор Иго, многу години пред да се создаде Европската Унија, овој голем ум го дава тој предлог за збратимување. Основа на тоа збратимување е нашето мото ДА СЕ САКАМЕ.

Навистина, во едно вакво време, во кое уште треперат бури од нетрпеливост, можеме да го преживееме само ако се сакаме меѓусебе.

Затоа нашето училиште реши да ја напише оваа мировна порака на сите јазици што се користат во нашето училиште и во нашата држава. Тоа е само еден знак на добра волја, знак дека се радуваме на мултикултурното и мултиентичкото општество во кое што живееме и дека сакаме сите заедно да живееме во мир и слога.

Годишната програма помина прекрасно, водена беше од осмоодделенците од драмската секција, необично водење – низ драматизации и разговори, за прв пат на едно вакво слување. Сето тоа беше проследено со позитивни критики и силен аплауз. Нашата драмска секција се претстави со драматизацијата „Писмо“. Повторно покажаа дека се големи надежи на драмската уметност во нашиот град.

This slideshow requires JavaScript.

НАШИТЕ НАВИВАЧИ ПОВТОРНО ВО АКЦИЈА

This slideshow requires JavaScript.

Огромна чест и задоволство ни претставуваше тоа што нашата победничка маска „Навиваме за Македонија“ беше дел од отворањето на спортската манифестација ГИМНАЗИЈАДА 2012. Нашите навивачи продефилираа на отворањето и им посакаа среќа на натпреварувачките тимови.

 

index.php?option=com_content&task=view&id=1509&Itemid=1

Проекција на „Чорбаџи Теодос“

Една од најинтересните лектири за осмите одделенија е драмата „Чорбаџи Теодос“. Освен што учениците можеа да и` се восхитуваат читајќи ја и драматизирајќи ја, тие имаа можност и да ја видат нејзината изведба. Часот течеше во смеа и восхит на добро познатите актери, кои за жал денес поголем дел од нив ги нема. Ликовите на Теодос, Евка, Наца, Томче, особено ликот на Арсо, па Поцко, Доцко, Цонка… оставија голем впечаток кај учениците.

СРЕДБА СО ГОРЈАН ПЕТРЕВСКИ

This slideshow requires JavaScript.

По повод Саемот на книги организиран од библиотеката „Борка Талески“, беше одржана и средба со познатиот детски автор Горјан Петревски. На таа средба зедоа учество и нашите ученици. Сите ние имавме прекрасни мигови поминати со Горјан. Тој одговори на сите наши прашања, ни прочита дел од своето творештво, не` запозна со новиот роман и со идеите за понатаму.

Сподели и како ја добил инспирацијата за прекрасниот роман „Марта“, за писмото од некое девојче Емона кое го инспирирало да го напише…

На саемот беа изложени сите дела од авторот, тој заштитнички стоеше покрај нив и се радуваше на секоја подадена книга за посвета. Една посвета добив и јас 🙂

ПОДГОТОВКА ЗА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ПАНАЃУР

Како и голем број училишта од земјава, така и ние, оваа година решивме да правиме Велигденски панаѓур. Идејата е децата да направат производи за продажба во духот на големиот христијански празник Велигден, и да ги продаваа. Собраните средства ќе се користат за потреби на училиштето, учениците или вработените. Оваа иницијатива ја прифатија учениците од седмо и осмо одделение и несебично се вложија правејќи куп убави прозиводи кои можете да ги купите на нашиот панаѓур 🙂

This slideshow requires JavaScript.

МОЈОТ ПРОНАЈДОК ЌЕ ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ

На часот по изразување и творење учениците измислуваа пронајдоци кои ќе го променат светот во идината. Инспирирани од научно-фантастичните романи за кои што учевме, измислувавме пронајдоци за кои што, имајќи го предвид Жил Верн 🙂 се надеваме дека еден ден навистина ќе ги има.

Еве некој од нашите идеи:

Мојот пронајдок го промени светот

        Мојот пронајдок е навидум обичен ранец, но кога ќе се притисне стартното копче, тој се расклопува и се претвора во две крилја. Рачките на ранецот кои стојат околу рамената имаат два продолжетоци кои безболно се прикачуваат на дланките и така брзината на машината е контролирана од волјата, а нејзиното вртење од движењето на рацете. Што се однесува до начинот на работа, машината работи на нуклеарна енергија, т.е. не испушта никакви гасови или било какви други штетни материи кои би загадувале. Сметам дека благодарение на овој пронајдок ќе дишеме почист воздух, а озонската обвивка нема да се оштетува и со тоа штетните ултравиолетови зраци нема да стигнуваат до нас.

Лиле Димкоска VIII – 3

Во 2012  година   започнав  да    го  правам   проектот   „3D   со   мирис“.  Тоа  беше  телевизор што емитува 3D телевизија што пушта мирис. Ваквиот телевизор не беше како другите телевизори што емитуваат тридемензионална слика. Со овај телевизор кога ќе ги ставиш очилата исчезнува се друго освен сликата на екранот, а на човекот што гледа телевизија му се чини дека е реалност.

Во  телевизорот  имаше преку  100  матични  плочи.   Имаше  петнаесет  јадра  со  брзина  од  20000  GHz. Телевизорот беше на „тач“ и беше како компјутер. Имаше можност да му се стави картичка од мобилен и истовремено можеше да функционира како телефон.

Мојот  пронајдок  за брзо  време  почна  да  се  користи  во многу кина и други компании. Се градеа огромни кино сали за околу 50000 луѓе.  После  пет  години  откако  излезе  овај  телевизор  околу  97  %  од  населението  во  светот во својот дом го имаше овај  телевизор.

Бојан Илиоски VIII – 2

 

 Јас пронајдов машина за производство на свежо овошје. Машината е висока 10m, широка 5m и долга е 20m. Работи на сила од 6000v (вати) струја. На неа работат роботи, но може да работат и луѓе, но им треба заштитна опрема поради големата јачина на струја. Кај машината е многу интересно тоа што таа во зима произведува: Лубеници, Дињи, Јаготки, Праски, Кајсии и сл., а пак во лето произведува: Јаболка, Портокали, Киви и сл. Јас оваа машина ја имав направено само во еден примерок и се наоѓаше во мојот дом. Сите скици и цртежи што ги направив додека ја правев машината ги чував затоа што ако се расипи да знам кој дел каде е за побрзо да ја поправам. Вестите на 3 Април 2011 година многу ме вознемирија затоа што рекоа дека овошјето глобално е оскапено така што само богатите луѓе можеа да го купат. Тогаш јас си реков: Зошто да биде ова така, јас со мојата машина за овошје ќе го сменам ова. И така направив, ја товарив машината и отидов во Америка и ја промовирав машината. На промоцијата имаше фирми кои се занимаваа со производство на овошје .Кога ја видоа мојата машина тие многу се изненадија, но воедно и многу фирми порачаа да доставам по една машина во нивните фабрики. Истото го направив и во други земји и јас мислам дека со тоа го променив светот и сум многу задоволен.

 Александар Костоски  VIII – 2

 

Многу луѓе сакаат да патуваат низ светот, но за тоа треба да платат многу пари. Поради тоа јас измислив една машина која е во вид на прстен, со која што можеш да одиш каде ќе посакаш без да платиш многу пари за авионски билет и нема да патуваш многу долго, туку само една минута. За да стасаш од едно до друго место за толку кратко време треба само да  го ставиш прстенот на прстот и да го кажеш местото каде сакаш да одиш и после една минута ти ќе се најдеш на тоа место. Со оваа моја машина луѓето одат секаде низ светот, посетуваат различни места, запознаваат различни луѓе, и сето тоа го прават бесплатно.

Маријана Димоска VIII-2

 

СВЕТНУВАЊЕ НА УЧИЛИШТЕТО

Денес нашите вредни ученици решија да го искористат убавиот ден и да го светнат местото каде што поминуваат доста време. Вредни и организирани заедно со наставниците и хигиеничарите во училиштето направија една голема и успешна „генералка“. На сите убаво ни дојде чистењето, пролетните денови доаѓаат, изморени од ладната зима едвај чекавме да се израдуваме на сонцето, на кое на чисто можеме уште повеќе да му се радуваме 🙂

This slideshow requires JavaScript.

ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА

This slideshow requires JavaScript.

Месецот март е месец на ФРАНКОФОНИЈАТА во целиот свет. И овде, во нашето училиште се изучува францускиот јазик, што би значело дека и ние сме франкофони.

Токму затоа членовите од француската секција што ја води наставничката Ленче Вренцоска и сите ученици што го изучуваат францускиот јазик го одбележаа овој месец со повеќе активности.

Во холот од нашето училиште учениците направија изложба која што може да се види од фотографиите подолу.

Учениците Александар Здравков и Теодора Тасевска читаа извадоци француската литература. Оваа манифестација ја чествуваше и 300 – годишнината од раѓањето на Жан Жак Русо.

Еве некоја негова мисла:

Ремек дело на доброто воспитание е да створиш разумен човек

Најлошото воспитание е да го оставиш детето да лебди меѓу неговите и вашите желби и постојано меѓусебе да се расправате кој кму ќе биде учител.

На одморите преку разгласот се слушаат прекрасни фрацуски песни по избор на учениците.