ВИДЕО ЗАПИС НА „МАРИОВСКИТЕ БРБЛИВКИ“

И оваа година нашата драмска секција напорно работеше на проектот „Музеите во училиштата и училиштата во музите“. По многубројните проби, ученичките имаа можност да ја снимат драматизацијата на нашето убаво Маркукуле. Еве како испадна видеото…

НОВИ НАСТАПИ НА ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА

This slideshow requires JavaScript.

Драмската секција оваа година настапи најпрво во Домот за стари лица, а потоа на официјалната програма по повод Патрониот празник. Овогодинешната точка беше адаптацијата на дел од романот „Крпен живот“, наречена: „Мариовски брбливки“. Еве дел од тие случувања…

ПРОЕКТ „ПРЕГРАТКА НА ДАР“

Учениците од шестите одделенија и оваа година се вклучија во проектот „Прегратка на дар“. Во соработка со третачињата тие прават прекрасни новогодишни честитки кои што ќе им ги подарат на болните дечиња за време на Новогодишните празници.

Проектот го започнавме со креативни работилници за творење пораки и дизајн на честитки. Потоа го користевме интернетот и нашата фантазија, за на крај да произлезат прекрасни честики кои ќе израдуваат многу деца.

This slideshow requires JavaScript.

РАБОТИЛНИЦА „ЦВЕЌЕ НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО“

Денес, на часот на Одделенската заедница ја работевме работилницата „Цвеќе на пријателството“. Дел од темата: Формирање, одржување и прекинување врска. Учениците од VI – 2 научија дека без меѓусебна поддршка, соработка, доверба и почитување нема другарство и пријателство.

Работилницата се состоеше од воведен круг – загревње со играта: „Ветрот дува“,

потоа сите седат во круг. Во кругот има една празна столица. Лицето до кого од десната страна се наоѓа празната столица повикува некој да седне на неа на следниот начин: „Го повикувам, име на некој ученик, да седне до мене затоа што…
.” Во продолжение на реченицата секој кажува нешто позитивно за лицето што го повикува, нешто добро што направил или некоја негова позитивна карактеристика. Откако повиканото лице ќ е седне на празното столче, се појавува ново празно столче. Лицето на кое новото празно столче му се наоѓа од десна страна повикува некј друг да седне на него по истиот принцип како претходно. Се продолжува сè додека сите не бидат повикани од некого да седнат до нив. Лицето што е повикано еднаш, не може да биде повикано повторно од некој друг.

DSC00011

Учениците се поделени во пет различни групи. Наставникот ги прашува учениците дали знаат што му е потребно
на едно цвеќе за да расте. Децата наведуваат одговори, а наставникот само ги повторува во знак на одобрување и
потпрашува што уште. Потоа, на секоја група и` дава текст кој одговара на поимите што се дел од ливчињата на цветот. По задачата се започнува дискусија:

Учениците се делат во парови. Едниот од парот е водач, а другиот го следи. Тој што следи треба да ги затвори очите, а водачот ќ е го фати за рака/рамо и ќ е треба да го прошета околу училницата и при тоа цело време да внимава да биде безбеден, да не се удри некаде. Потоа паровите ги менуваат улогите.

ПРОЕКТ „УЧИЛИШТАТА ВО МУЗЕИТЕ И МУЗЕИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА“

Оваа година нашето училиште повторно соработуваше со Музејот на град Прилеп на проектот „Музеите во училиштата и училиштата во музеите“. Овој пат ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА имаше задача да изведе точка во која ќе има озборување. Најдоброто озборување на чешма го направија седум ученички од осмо одделение (деветтолетка). Годинава направивме сценарио мотивирано од познатиот роман „Крпен живот“. Озборувањето на Доста Рожденката на чешма беше едно ново искуство за нас.

Подготовките траеја два месеци. Напорните проби по три пати неделно, самостојната работа дома и талентот, направија една убава театарска дружина која уживаше во работата.

На средината од подготовките ни дојдоа на гости координаторот на проектот, господинот Александар Цветкоски и неговиот асистент. Средбата беше многу корисна, Добивме поддршка за работата, совети за понатаму и ја договривме логистичката поддршка за снимањето.

Кога заклучивме дека сме спремни, се договоривме и снимавме. Снимањето беше едно ново и интересно доживување за сите. Локацијата беше на Варош, во близна на прекрасните карпи, на една чешмичка која за жал не течеше, ама затоа наоколу се лееше смеа и радост.

This slideshow requires JavaScript.

Со овој перформанс нашата секција ќе учествува на општинскиот натпревар на кој ќе учествуваат сите основни училишта од Прилеп. Се надеваме дека добро ќе поминеме 🙂

РАБОТИЛНИЦА: НИШТО НЕ УСПЕВА ТОЛКУ ДОБРО КАКО УСПЕХОТ

Во понеделникот учениците од VI – 2 одделение работеа работилница: НИШТО НЕ УСПЕВА ТОЛКУ ДОБРО КАКО УСПЕХОТ.

Работилницата се состоеше од неколку етапи низ кои учениците дознаа многу работи поврзани со успехот и неуспехот. Во самата игра видоа дека заедно можат да постигнат успех, да ја завршат успешно задачата, но имаше и моменти кога тој успех им го препуштаа на други. Како се чувствуваа по тие вежби споделија во училница, поткрепувајќи ги емоциите со случки од својот живот во кои постигнале успех или неуспех.

Оваа работилница помогна и за градење на групата, за забава и за добро дружење со балоните кои подоцна ги испукавме за да не правиме проблеми на наредните часови 🙂

This slideshow requires JavaScript.