Ораторска вечер посветена на Конески

Заврши долгоподготвуваниот настан по повод нашиот Патрон празник. Среќна сум што го реализиравме онака како што го замисливме. Благодарна сум на моите колеги кои го поддржаа, но особено сум благодарна на менторите кои вложија многу труд.

Главната цел на овој настан беше меѓуетничката соработка, можноста да чуеме ученици од различни училишта, градови, држави. Да започне, да се продлабочи и да се зацврсти соработката на колегите и училиштата. За тоа многу се радувам!!!

Дел од учесниците

Симболичкото доделување награди е само јакнење на натпреварувачкиот дух, самата активност да добие малку поинтересна нота. Тоа не значи дека другите ученици се помалку значајни или не ја постигнале целата.

Ние на настанот чествуваме Патрон и одележувавме 100 години од раѓањето на Конески. Сакавме да прикажеме соработка и соживот.

Оваа манифестација е третиот по ред, нашето училиште ООУ „Климент Охридски“ годинава ја одржа на платформата Зум. Овој настан е поддржан од здружението „Мировна Акција“ – Прилеп/Тетово. Организацијата е поддржувач на процесот на интегрирано образование во училиштата и со нас, но и со дел од училиштата учесници има направено низа проекти и активности во кои се вклучени и едукации на наставници во полето на меѓуетничката интеграција.

               На настанот учествуваа 10 училишта. Се говореше на: македонски јазик, албански јазик, турски јазик, бошњачки јазик и српски јазик. Видеата беа снимани од страна на нивните ментори. Говорите беа преведувани со титла на македонски јазик.

Настанот го отвори директорот на училиштето, господинот Ахил Јаков, и ги поздрави сите учесници.

Ученици од ООУ „Блаже Конески“ и ООУ „Климент Охридски“ се претставија со музички точки предводени од своите менторки: Маја Џопа и Андријана Дукоска.

Ученците од ликовната секција под менторство на наставничката Александра Богоеска беа инспирирани од говорите и насликаа прекрасни цртежи.

Тричлената комисија: Филип Димкоски [(поет, новинар), Магдалена Сајкова (наставничка по македонски јазик „Стив Наумов“ – Битола) и Сања Зеленкиќ (наставничка по српски јазик, „Здравко Гложански“, Бечај, Р. Србија)] имаше тешка задача.

Комисија (состанок)

Првото место го освои ООУ „Десанка Максимовиќ“- Зајечар, Р. Србија, ментор: Стева Јовановиќ, оратор: Петар Радосављевиќ

Второто место го делеа две училишта:

ООУ „Наим Фрашери“ – Куманово, ментор: Вилдане Исмани, оратор: Енес Зеќири  и

ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп, ментор: Билјана Јагуриноска, оратор: Евгенија Димитриоска

Третото место го освои ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп. Ментор: Јагода Волческа, оратор: Исидора Николоска 

Првонаградените

Целата манифестација може да се проследи на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=qcqyK6OFZUw

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s