Наука за јазикот (седмо одделение)

Јазикот како систем од знаци

– Како испраќаме порака?

1.Бура на идеи различни начини како да им кажам на моите дека ќе одам надвор да играм:

– ќе им јавам на мобилен, ќе им напишам порака, ќе напишам на ливче и ќе го ставам на фрижидерот, ќе ѝ кажам на баба ми да им каже, ќе напишам песна…

2. Повторување за видови комуникација oд шесто одделние:

  • Биби картички, картички за глувонеми… (со помош на картичките од Биби може да се игра пантомима или со изпуштање одредени звуци да се погодува што сака да ни каже ученикот – https://svetotnabibi.mk/produkt/pogodi-shto-mini-igri/.
  • *Картичките за глувонеми се картички со азбуката на глувонемите – ги нарачав од Тему)

Науката за јазикот е наречена лингвистика.

Терминот потекнува од латинскиот збор lingua, чиешто значење е ‘јазик’.

За да можеме да комуницираме ни требаат знаци. Јазикот на луѓето е најсовршениот систем од знаци. Но не комуницира само човекот.

Домашна работа: избери еден инсект, животно и истражи како комуницираат меѓусебе (образложи во тетратката со неколку реченици)

Пчелите:

Вид на танцКако изгледаШто значиКога се користи
Кружен танцПчелата се врти во круговиХраната е блиску до кошницатаКога цветови или нектар се наоѓаат во радиус од ~50 м
„Waggle dance“ (мавтање)Пчелата се движи во форма на осум и мавта со телотоНасока и растојание до хранатаКога храната е подалеку; аголот покажува насока кон сонцето, должината покажува растојание
Вибрации и звуциБрзи движења со крилја и телотоДополнителни сигнали за вниманиеЗа да привлечат други пчели да го следат танцот

Може да направат, користејќи вештачка интелигенција, постер:

Природен и вештачки јазик

  • Напиши реченица со знаците подолу и дај му ја на твојот партнер да ја преведи.

  • За секој збор измисли друг и запиши го, па од тоа направи реченица – работи во парови

Пр: Мачето е убаво.

Маче – мула

Е- ви

Убаво – кинау

Добиваш реченица: Мула ви канау

Ако ги промениме сите зборови и научиме за кој поим одговараат ќе добиеме нов јазик. Дали е тој природен или е вештачки јазик?

Природен јазик е секој јазик што на природен, спонтан начин се развил низ историјата во конкретна човекова заедница. Такви се јазиците што се зборуваат во одделни држави, како, на пример, македонскиот, албанскиот, српскиот, турскиот, англискиот, кинескиот, шпанскиот…

Вештачките јазици се создадени обично од страна на еден човек. Нивната цел е меѓусебно разбирање на припадници на заедници во коишто се зборува на различни природни јазици. Тие се од поново време и нивниот развој многу се разликува од природните јазици.

Еден од најпознатите вештачки јазици е јазикот есперанто, измислен во 1887 година од полскиот лекар Лудвиг Заменхоф. Овој јазик е многу популарен кај Европејците поради својата логичка граматика, лесен изговор и речникот базиран на старогрчкиот, латинскиот и други европски јазици.

Други попознати вештачки јазици се волапик, создаден во 1880 година од германскиот бискуп Јохан Мартин Шлеер, потоа интерлингва, создаден во 1951 година од страна на Интернационалната помошнојазична асоцијација, базиран на англискиот јазик и на романската група јазици.  Неговата главна примена била во меѓународните научни и технолошки списанија. На тој начин се избегнувала потребата од скапи повеќекратни преводи.

Народен јазик – стандарден јазик

Народниот јазик е основниот темел на нашата култура и традиција. Тој е јазикот на нашите предци, јазикот на народните приказни и песни. Тој се пренесувал од колено на колено низ вековите.

Македонскиот народен јазик е јазикот на кој зборувал и зборува македонскиот народ во различни краишта на нашата земја. Тој е природен јазик, богат со дијалектни зборови и изрази.

Стандардниот јазик има точно определени граматички правила, зборовниот фонд (зборовите што ги зборуваме) е ист за сите што го користат и се менува според утврдени правописни и граматички правила. Македонскиот јазик е кодифициран (Станал стандарден јазик) на 2 август 1944 година (за тоа ќе се учи повеќе во деветто одделние).

КарактеристикаНароден јазикСтандарден јазик
ПриродаСпонтан, природен, живКодифициран, регулиран
ПренесувањеУсно, од генерација на генерацијаПисмено и усно, преку образованието и институциите
УпотребаВо секојдневна комуникација, во песни, приказни, обичаиВо училиштата (институциите), официјални документи, медиуми
Зборовен фондБогат со дијалектни зборови и изразиЕдинствен и стандарден за сите корисници
Граматички правилаФлексибилни, зависат од говорниот крајСтрого определени и утврдени
ВаријантностСе разликува по региони (дијалекти)Унифициран, ист за целата држава
Културна улогаОдраз на традиција, идентитет и локална култураСредство за официјална комуникација и образование
ДинамикаСе менува природно со текот на времетоСе менува според правописни и граматички реформи

Се гледаат кратките видеа од Зборци, на учениците им се кажува за тоа движење и за тоа колку овие млади луѓе се значајни за нашиот јазик. Потоа заеднички со наставничката/наставникот, се погодува кој дијалект се зборува.

https://www.facebook.com/reel/1416746552847829 (погоди го дијалектот I – ЗБОРЦИ)  

https://www.facebook.com/reel/762910503049224 (погоди го дијалектот II – ЗБОРЦИ)

Учениците треба да ја разберат разликата меѓу народниот и стандардниот јазик. Дека она што се зборува на поткастите, на телевизија, за жал во голема мера не е стандарден јазик. Исто така да се поттикнуваат да го зборуваат стандардниот јазик на часовите. Со моите прилепчани нема многу предизвици, иако акцентските целости ни се губат, па ги бараме, ќе летне по некое ЧЕ… но генерално се држиме до стандардот.

Напишете коментар