Медиумска култура отсекогаш ми била предизвик за работа. Особено денес, кога има многу опции и кога нашите ученици се опремени со паметни телефони на кои може да се инсталираат апликации кои ја олеснуваат стократно работата.
Со осмооделенците работевме: филмска идеја, синопсис, сценарио и книга на снимање. Еве дел од тоа што го зборувавме и го запишувавме во тетратката:
За да се снима филм треба да се има ПРИКАЗНА и камера
Филмска идеја: за што да биде филмот, идеја за снимање
Синописис – краток опис
Сценарио – го делиш филмот на сцени и запишуваш што ќе прават актерите и што ќе зборуваат – многу блиска на драмски текст
Книга на снимање – сценариото го делиш на кадри и ги запишуваш сите детали што ти се потребни за снимањето
Кадар – приказ што го гледаш низ камерата. Она што го снима камерата, едно исклучување и вклучување на камерата.
Рез – место каде еден кадар преминува во друг – прекинува еден кадар, почнува друг
Зум – зголемување или намалување на тоа што се снима
Монтажа – спојување на различни кадри
Статив – метален или дрвен предмет со ногарки на кој се поставува камерата за да не мрда сликата кога се снима.
Клапа- дрвена направа во облик на плоча, која со горниот дел удира пред снимањето на секој кадар. На неа се пишува Сцената, кадарот и колку пати, кој пат се снима тој кадар.
- ФИЛМСКО ВРЕМЕ: Не е исто со реалното време. Се прават скратувања, само најважните работи. Може и години на поминат во неколку минути.
ЗАДАЧА 1: Подели ги кадрите за краткиот филм: „Миење компири“
- Лупиш компири
- Миеш излупени компири
- Полниш тенџере со вода
- Вклучуваш шпоре
- Ставаш тенџере на рингла
- Ставаш компири во тенџере
- Водата врие
- Исклучуваш рингла
- Ги вадиш компирите и ги ставаш во чинија.
Планови: Планот ја означува широчината на кадарот. Широчината на кадарот ја одредува дејството што се случува во кадарот.

Снимањето го започнавме со инсталирање на

на мобилните телефони од учениците. Поголемиот дел од нив веќе ја имаа апликацијата и знаеја да ја користат. За оние што ја користеа прв пат, меѓу кои бев и јас 😊 беше вистинско откритие и задоволство.
Задача 2: Започнавме со едноставни симања на кадри. Снимавме елка и кукла-модел, ја снимавме од пчија перспектива, од жабја, фронрално… исто така, нацртавме лик и правевме кадри: очи и нос; очи, нос и усна; лице до брада; лице и раменици; ликот до половина; ликот до коленици и целото тело.





Потоа учениците добија задача да снимат дома, заедно со домашните, едноставна подготовка на јадење во чиешто снимање ќе искористат повеќе кадри. Видеото го монитираат во апликацијата. Таа дава можности и да се стави музика, да се додава текст, и многу други работи.
Еве неколку видеа од сработеното:
Откако ја поднаучија апликацијата, поточно јас би рекла: ја усовршија, научивме што е сценарио и книга на снимање. Учениците добија лист на кој требаше да ги запишат сите кадри (кои им беа дадени претходно) и да направат книга на снимање на краткометражниот филм „Пенал“ или „Другар“.
Кадрите за филмот „Пенал“
- Крупен кадар, еден стои пред топката, друг е на гол
- Фокус на ликот на тој што ќе шутира
- Фокус на ликот на тој што брани
- Фокус на топката
- Ногата ја шутира топката
- Момчето/Девојчето ја шутира топката
- Топката лета
- Гоманот скока
- Оној што шутнал гледа каде оди топката
- Голманот не ја фаќа/ја фаќа топката
- Се радува оној што победил
Еве дел од прекрасните филмчиња на моите филмаџии!!!


