Вчера беше прекрасен ден. Сончев, топол… многу погоден за тоа што го претставуваше и тоа што моите драги ученици го намислија да го остварат. Имено, знаеме сите дека 21 Март е ден на пролетта, но и Светски ден на лицата со даунов синдром. По тој повод, произлезе иницијатива, односно On-line акција за поддршка на тие лица. Решивме да ги сликаме нашите различни чорапчиња и да ги ставиме на профилната слика на фејсбук. Така покажуваме дека знаеме дека тие лица постојат и дека сакаме да се дел од нас. Спремни сме да ги поддржиме и да се дружиме со нив во нашите училници, во парковите, по играчниците, на улиците. Continue reading
КРАТОК ФИЛМ НА ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА – „СИТЕ ДЕТСКИ ПАТЕКИ ВОДАТ ОД ИГРА ДО СЛОБОДА“
Овој краток филм е дело на Драмската секција од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп. Со него учествуваме на Единаесеттиот меѓународен детски фестивал „Креативна магија“.
(11.DEČJI MEĐUNARODNI FESTIVAL „KREATIVNA ČAROLIJA“ Mionica-Banja Vrujci) кој ќе се одржи на 17-18 април, 2015.
Филмот беше мотивиран од конкурсот на тема „Сите детски патеки водат од игра до слобода“. На сценариото работеше целата секција. Идеите доаѓаа брзо и целото снимање беше една прекрасна авантура. Дел од овој проект е и ученикот Горан Попоски, кој со својата камера и умешност, направи овие идеи да станат реалност. Со кадрите сакавме да го оправдаме насловот. Секоја детска игра е симбол на слободата. Штом играме, ние сме слободни!!!
Еве дел од моментите на снимањето:
ПОЧИТУВАЊЕ НА ДРУГИТЕ – НЕДИСКРИМИНАЦИЈА???
Денес, на часот на одделенската заедница имавме работилница „Не ни требаат баби“. Интересна замисла, текст во кој настваничката дискриминира една баба која што (најверојатно) може да дојде на планираното планинарење. Остај што не верува во нејзините физички способности, таа ја кани на часот за готвење. Значи наставничката е сигурна дека сите баби се стари и тешко подвижни, ама знаат многу добро да готват. Е, нејсе, тоа беше главната активност на работилницата, ама проблемот што добив горешта желба да пишувам, е почетната активност. Во неа учениците требаше да одговорат на изјавите што ги читав со кревање на палецот нагоре (ако се согласуваат со изјавата), спуштање надолу (ако не се согласуваат) и хоризонтално поставен (ако не се сосем сигурни). И што да ви расправам… страшилиште… Албанците имаат многу деца, „ДА!!!“ а кутри мои дечиња, воопшто не запознале некое албанско семејство. Ромите се музикални, „ДА!!!“ А чуле можеби на телевизија во некој филм од Костурица… девојчињата се послаби, момчињата појаки… и ред други стереотипизации… сите „НА МЕСТО“!!! И така стојам и си мислам, добро зошто овие мали и невини суштества уште отсега се жртви на стереотипизации… КАДЕ ПОГРЕШИВМЕ???
Ситуацијата стана полоша кога се обидов со примери да ги демантирам. Па видов многу збунети главички кои се чудеа на моите искази за тоа дека Ардијан и Фланза немаат деца, за Мирјета која има едно, за Агуш кој не знае да пее, за Ферзија која мрази музика… за тоа дека ние, Македонците не сме ништо различни од Србите, Бугарите, Албанците, Ромите… дека нашата истрајност е подеднакво иста со истрајноста на другите националности… и ете така… работилницата заврши… а јас останав позбунета од тие дваесет и три главички…
ДРАГИ МОИ РОДИТЕЛИ, НАСТАВНИЦИ, ТРЕБА МНОГУ ДА СЕ РАБОТИ НА ОВА… ЕДЕН ДЕН ИГНОРИРАЊЕТО ИЛИ ПОТХРАНУВАЊЕТО НА ОВА ЛУДИЛО ЌЕ НЕ` ЧИНИ МНОГУ…
МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО НАСТАВАТА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Мајчиниот јазик е основниот наставен предмет во сите образовни системи. Тој го зазема првото место во училишниот дневник. Неговото значење денес, за жал е занемарено, но и покрај тоа, тој предмет е она од што сè друго произлегува. Широчината на темите и големиот видокруг на нештата овозможуваат многу имплементации во самата наставна програма. Една од нив е и МИРОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ.
За имплементацијата на Мировното образование во мојата училница напишав труд и постер презентација кои ги изложив на Првата едуконференција коај што се одржа во Струга 25-26 јануари.
Целосното образложување на идејата и нејзината реализација е додаена во страната „Авторски текстови“.
2014 in review
The WordPress.com stats helper monkeys prepared a 2014 annual report for this blog.
Here’s an excerpt:
The concert hall at the Sydney Opera House holds 2,700 people. This blog was viewed about 8,400 times in 2014. If it were a concert at Sydney Opera House, it would take about 3 sold-out performances for that many people to see it.
Презентација – КАТЕГОРИИ КАЈ ИМЕНКИТЕ
Интересна презентација која што ќе може да се искористи на часот кога се учат категориите кај именките.
Презентацијата содржи почетни слајдови со прашања од морфологија и постапно доаѓа до категориите. Сликовитиот приказ може да им помогне на учениците полесно да ги разберат категориите кај именките.
ПОСЕТА НА „ЧИЧКО СЕМ“ :)
Учениците од осмите одделенија денес беа во посета на Противпожарната станица во Прилеп. Станицата има нови простории кои овозможуваат подобри услови за работа. Бевме топло примени од командирот Станко Колески – на кој му се заблагодаруваме срдечно за времето што го оддели и за едукатицијата која што децата на практичен начин ја стекнаа. Овој отворен час покажа дека дечињата учат многу повеќе кога има различна атмосфера од училничката и кога пред нив стојат професионалци во областа која им е наставна единица.
УЧИЛИШНИ ДРАМАТИЗАЦИИ
Интересно е што по толку години на денешните деца им е интересна „Солунски патрди“… немам зборови дека тоа е навистина ремек дело, ќе се осмелам да кажам дури и подобра од „Дундо Марое“, па можеби поради тоа и актуелноста уште постои. Не сакам да мислам дека тоа е така бидејќи нема ништо подобро излезено…
…ајде да не ја расипувам прекрасната пригода за оваа објава. Имено моите прекрасни шестачиња покажаа огромни актерски потенцијали. На часовите ја драматизиравме пиесата „Измама“ – М.П. Што ни се случуваше само ние си знаеме 🙂
2013 in review
The WordPress.com stats helper monkeys prepared a 2013 annual report for this blog.
Here’s an excerpt:
The concert hall at the Sydney Opera House holds 2,700 people. This blog was viewed about 15,000 times in 2013. If it were a concert at Sydney Opera House, it would take about 6 sold-out performances for that many people to see it.


