„Музеите во училиштата и училиштата во музеите“

Изминатата учебна година драмската секција „Од глаата си патиме“ беше дел од веќе за нас познатиот проект „Музеите во училиштата…“ Оваа година се снимија шест видеа во кои се претставуваа архаизми, турцизми, називи кои полека ги јаде забот на времето, празноверија и верувања… она што исто така беше многу важно за учениците, а и за мене како школски координатор беше сознанието за тоа дека гестикулациите и мимиките специјалзиирани за одредени изрази се дел од културната традиција и се важно обележје на секоја култура. Нивното помнење и препознавање е вредно наследство. Непроценливи беа разговорите со антропологот и виш кустос во Музејот, Александар Цветкоски, кој воедно беше и сценарист на перформансите, но и со Милан Секулоски кој беше заслужен за новото филмско искуство на моите ученици. Еве ги видеата, уживајте:

Ова видео го претставува значењето на зборот ФИЛАН (ФИЉАН)

Вид збор: Заменка, Некој (одреден), тој и тој. Англиски: certain Турски: filan, falan Употреба: Неменлив збор, Разговорно

Идејата е да се претстави значењето на зборот и да биде јасна неговата употреба, којашто веќе на денешните генерации не им е позната.

Еден час по етимологија. Учениците дискутираат за значењето на презимињата и како голем дел од нив се всушност од турско потекло. Одличен ресурс за час по туѓа лексика

Доста скокотлива тема, особено за денешните генерации на малди луѓе коишто постарите се обидуваат да ги стават во кутија, за којашто, за среќа или несреќа, не се замараат многу 🙂 ВПШ е скратеница за ваша последна шанса – конкретна лоакција во Прилеп каде што се собирале „старите“ моми и момци за да си најдат друшка спорти себе. Таа шега: „Ќе те носам на ВПШ“ веќе не се слуша, но е нешто што било дел од нашата комуникација и вредно е да се запомни.

Семејните односи, дворските игри и урнебесот на големите семејствата кои сЕ поретко ги има, се претставени во ова видео. За наметнатите улоги и за новото време кое не може и не сака да ги игра, за итрината на младите и колку рано им е јасно сЕ…

Ове две видеа се фокусираа на празноверијата, верувањата на луѓето поврзани со одредени моменти коишто се важни за луѓето.

Проектот „Музеите…“ низ годините нЕ учи на многу работи и се радуваме што Музејот нЕ избира, веќе и тој избор влегува во традицијата 🙂