РАБОТИЛНИЦА „ЦВЕЌЕ НА ПРИЈАТЕЛСТВОТО“

Денес, на часот на Одделенската заедница ја работевме работилницата „Цвеќе на пријателството“. Дел од темата: Формирање, одржување и прекинување врска. Учениците од VI – 2 научија дека без меѓусебна поддршка, соработка, доверба и почитување нема другарство и пријателство.

Работилницата се состоеше од воведен круг – загревње со играта: „Ветрот дува“,

потоа сите седат во круг. Во кругот има една празна столица. Лицето до кого од десната страна се наоѓа празната столица повикува некој да седне на неа на следниот начин: „Го повикувам, име на некој ученик, да седне до мене затоа што…
.” Во продолжение на реченицата секој кажува нешто позитивно за лицето што го повикува, нешто добро што направил или некоја негова позитивна карактеристика. Откако повиканото лице ќ е седне на празното столче, се појавува ново празно столче. Лицето на кое новото празно столче му се наоѓа од десна страна повикува некј друг да седне на него по истиот принцип како претходно. Се продолжува сè додека сите не бидат повикани од некого да седнат до нив. Лицето што е повикано еднаш, не може да биде повикано повторно од некој друг.

DSC00011

Учениците се поделени во пет различни групи. Наставникот ги прашува учениците дали знаат што му е потребно
на едно цвеќе за да расте. Децата наведуваат одговори, а наставникот само ги повторува во знак на одобрување и
потпрашува што уште. Потоа, на секоја група и` дава текст кој одговара на поимите што се дел од ливчињата на цветот. По задачата се започнува дискусија:

Учениците се делат во парови. Едниот од парот е водач, а другиот го следи. Тој што следи треба да ги затвори очите, а водачот ќ е го фати за рака/рамо и ќ е треба да го прошета околу училницата и при тоа цело време да внимава да биде безбеден, да не се удри некаде. Потоа паровите ги менуваат улогите.

ПРОЕКТ „УЧИЛИШТАТА ВО МУЗЕИТЕ И МУЗЕИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА“

Оваа година нашето училиште повторно соработуваше со Музејот на град Прилеп на проектот „Музеите во училиштата и училиштата во музеите“. Овој пат ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА имаше задача да изведе точка во која ќе има озборување. Најдоброто озборување на чешма го направија седум ученички од осмо одделение (деветтолетка). Годинава направивме сценарио мотивирано од познатиот роман „Крпен живот“. Озборувањето на Доста Рожденката на чешма беше едно ново искуство за нас.

Подготовките траеја два месеци. Напорните проби по три пати неделно, самостојната работа дома и талентот, направија една убава театарска дружина која уживаше во работата.

На средината од подготовките ни дојдоа на гости координаторот на проектот, господинот Александар Цветкоски и неговиот асистент. Средбата беше многу корисна, Добивме поддршка за работата, совети за понатаму и ја договривме логистичката поддршка за снимањето.

Кога заклучивме дека сме спремни, се договоривме и снимавме. Снимањето беше едно ново и интересно доживување за сите. Локацијата беше на Варош, во близна на прекрасните карпи, на една чешмичка која за жал не течеше, ама затоа наоколу се лееше смеа и радост.

This slideshow requires JavaScript.

Со овој перформанс нашата секција ќе учествува на општинскиот натпревар на кој ќе учествуваат сите основни училишта од Прилеп. Се надеваме дека добро ќе поминеме 🙂

РАБОТИЛНИЦА: НИШТО НЕ УСПЕВА ТОЛКУ ДОБРО КАКО УСПЕХОТ

Во понеделникот учениците од VI – 2 одделение работеа работилница: НИШТО НЕ УСПЕВА ТОЛКУ ДОБРО КАКО УСПЕХОТ.

Работилницата се состоеше од неколку етапи низ кои учениците дознаа многу работи поврзани со успехот и неуспехот. Во самата игра видоа дека заедно можат да постигнат успех, да ја завршат успешно задачата, но имаше и моменти кога тој успех им го препуштаа на други. Како се чувствуваа по тие вежби споделија во училница, поткрепувајќи ги емоциите со случки од својот живот во кои постигнале успех или неуспех.

Оваа работилница помогна и за градење на групата, за забава и за добро дружење со балоните кои подоцна ги испукавме за да не правиме проблеми на наредните часови 🙂

This slideshow requires JavaScript.

ПРОЕКТ: ВИДОВИ ИСХРАНА

Учениците од VIII одделение во деветтолетка на часот по Вештини за живеење правеа проект за исхрана. На часовите учевме какви видови исхрана има. Тие се поделија во три групи, истражуваа, запишуваа, сечкаа, дебатираа, малку забушаваа 🙂 повеќе работеа, и така направија презентации од кои и јас научив многу работи.

This slideshow requires JavaScript.

КРЕАТИВНИТЕ ШЕСТАЧИЊА

This slideshow requires JavaScript.

Учениците од шесто одделение на часот по македонски јазик твореа еко-пораки на определени теми од екологијата. Часот беше весел, опуштен и многу креативен. Освен што твореа и дискутираа за важноста на еко-свеста кај младите денес, тие пораките ги украсуваа и ги правеа много убави и весели. Потоа заеднички ги одбираа најубавите пораки и ги лепеа на хамер, тако што направија ѕиден весник кој стои во секоја училница и ги потсетува за важноста на еко – свеста.

ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА ЈА ВОДЕШЕ ГОДИШНАТА ПРОГРАМА 2013

И оваа година на Драмската секција од нашето училиште и` беше дадена довербата да ја води Годишната програма. За оваа задача напорно работевме уште од почетокот на годината. Како се наближувше денот, еднонеделните проби стануваа премалки, па моравме да го зголемуваме нивниот број. Сепак среќни сме што бевме срдечно поздравени од публиката и вработените во училиштето на чело со директорот Дарко Јовески.

Драмскиот перформанс ги извлече на виделина сите предрасуди и стереотипи на нашето секојдневие, поврзани со наставниците, родителите, членовите на совет на родители, неправдите при изборот на точки…

всушност се` што ни се случува или ние си преувеличуваме дека се случува. Сепак, според зборовите на кутрите истепани водители: НАСТАНИТЕ И ЛИКОВИТЕ БЕА ИЗМИСЛЕНИ, СЕ ОГРАДУВАМЕ ОД СЕКОЈА ПОВРЗАНОСТ СО КОНКРЕТНИ НАСТАНИ И ЛИЧНОСТИ…

This slideshow requires JavaScript.

Еве како беше во живо 🙂  Само се извинуваме за лошото сечење на деловите, подобро не можевме 🙂

Уживајте!!!

https://www.youtube.com/watch?v=KHgxnFvgaek

https://www.youtube.com/watch?v=14iUXvkA5G0

https://www.youtube.com/watch?v=yQY3s1dVsGU

https://www.youtube.com/watch?v=7g204gGfAgI

https://www.youtube.com/watch?v=U7eWD5iLLRE

ВЕЖБИ ЗА ИНТЕРПУНКЦИСКИ И ПРАВОПИСНИ ЗНАЦИ

Нашите ученици покажаа дека можат да ги користат интерпункциските и правописните знаци, не само во текстовите, туку и за креативни цели. Сега можат да разговараат на интернет со своите пријатели на скајп и месеинџер без пишување букви 🙂

This slideshow requires JavaScript.

ПОСЕТА НА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ – ПРИЛЕП

учениците од VI – 6 од ООУ „Добре Јованоски“ на часот по македонски јазик беа во градската библиотека „Борка Талески“.

Имавме прекрасно дружење. Тргнавме пешки од училиштето, денот беше прекрасен, сончев и пријатен за прошетка. Во библиотеката, на наше огромно задоволство бевме пречекани од самиот директор. Тој не` шеташе низ штандовите, не` однесе во просторијата каде што се чуваат книгите, ни ги покажа новите изданија, потоа бевме во реновираната просторија за промоции и состаноци. Учениците ги разгледуваа книгите, поставуваа прашања и добија желба да се зачленат во библиотеката.

Нашиот прекрасен ден може да се види на следниве фотографии…

ПРАВИМЕ ДЕТСКО СПИСАНИЕ

Наставното подрачје МЕДИУМСКА КУЛТУРА отвора многу можности за интересни часови. Еден до нив беше часот во ООУ „Добре Јованоски“.

Учениците на претходниот час учеа за електронски и печатени медиуми.

За полесно да ги разберат, тие истражуваа за печатените медиуми. Си одбраа по една област и секој доби празен лист на кој од девте страни требаше да го уреди со содржина. Учениците направија детско списание „Детска радост“. Редакцијата беше многу ангажирана и сериозна 🙂