ЕДНА ПРЕКРАСНА СОРАБОТКА

На мое огромно задоволство а воедни и на задоволство од учениците и мојата колешка Добрица Маркоска, успеавме да реализираме еден заеднички час. Имено, идејата беше заедничка, да напправиме дружење кое ќе поврзи две генерации: вторачиња и осмоодделенци. Најпрво одбравме текст од „Другарче“ кој нудеше одлична можност за реализација на соработката. Текстот „Шумски маскембал“ го вежбавме на часовите од драмската секција, а малите вторачиња го читаа и правеа негова анализа на на час. Кога драмската дружина го совлада текстот, се маскирваме, се нашминкавме и оп! се најдовме на часот по македонски…

Дружењето беше прекрасно, подоцна вторачињата ни се претставија со ниво видување на преставата.

This slideshow requires JavaScript.

Еден малку поразличен час…

Во соработка со наставникот по ликовно образование Дарко Талески, нашето училиште зеде учество во проектот Fun education stop motion animation, проект кој е направен од наставници и ученици и има освоено прво место на Европскиот Форумот за иновативни наставници.

Неколку наставници од училиштето по различни предмети направивме видеа со определени наставни единици кои можеме да ги коиристим во наставата.

Јас ја зедов наставната единица Поим за романса. Песната која што ја обработуваме на час се вика „Стојан и Бојана“
Во овој проект учествуваа учениците:

Антонио Илиоски  VIII одд. – како наратор

Катерина Паскоска VIII одд.  – цртежи

Гордана Иваноска, Евгенија Јакимоска и Теа Велкоска од VII одд. поместување на фигури и фотографирање.

ДРАМСКО ДРУГАРУВАЊЕ

На наше огромно задоволство оваа година повторно ни дојде во нашата училница актерот Александар Тодески. Со осмооделенците помина прекрасни часови во кои сите научивем по нешто за театарот и за филмот.

Освен дискусијата која што течеше целиот час, учениците имаа можност да видат дел од претставата „Волшебникот од Оз“ и голем број фотографии на кои глуми нашиот актер.

На крајот од часот учениците изглумија делови од претставите што ги спремаме во драмската секција.

This slideshow requires JavaScript.

ОСВРТ НА ПРОЕКТОТ „УЧИЛИШТАТА ВО МУЗЕИТЕ И МУЗЕИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА“

This slideshow requires JavaScript.

За овој проект имаме зборувано во текстовите подолу, целосната негова реализација се оствари пред некој ден.

Овој албум дава осврт на сите случувања на проектот.

Проектот се состоеше од повеќе етапи:

  1. Почетна работилница со наставници, запознавање со активностите
  2. Работилница со директори
  3. Оформување на драмска група
  4. Вежбање на драмскиот перформанс
  5. Работилница и театарски натпревар
  6. Снимање на материјалот
  7. Снимање на трите победнички групи во с. Небрегово
  8. Доделување на дипломи и компакт дискови со снимениот материјал

КРАТКИ ЕКО ФИМОВИ

Учениците од VII3 одделение ја покажаа својата креативност при снимањето на кратките еко филмови. Всушност целта на тоа снимање беше дел од програмата Еко-училиште. Тие на часовите се запознаваа со термините: филмска идеја, синопсис, сценарио, книга на снимање… и се обидоа да направат кратко сценарио за филмови со еколошка содржина. Кратките филмови се аматерски и снимани се од мобилен телефон и фото апарат, но желбата и обидот се за поздравување.

…од Прославата на Патрониот празник

На овогодинешниот Патрон празник, во чест на нашиот просветител и учител, св. Климент, и во чест на 50 години од основањето на нашето училиште, драмската секција се претстави со перформансот „Св. Климент Охридски“.

За оваа точка се спремавме од самиот почеток на школската година. Вложивме многу, го добивме она што може да го видите на видеото…

ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА НА ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА

Денес драмската секција се журкаше на својот последен час за оваа година. Забавата беше кратка, ама сепак супер си поминавме. Најпрвин започна со откривање на својата честитка, во дваесеттината честитки залепени насекаде низ просторијата, потоа се нафрливме на масата полна со смоки, малку џускавме од џусот, испеавме песна две, и потоа ги игравме нашите омилени енерџајзери…

 

 

DSC01836 DSC01837 DSC01838 DSC01835 DSC01833 DSC01831 DSC01826 DSC01827 DSC01828 DSC01822 DSC01823 DSC01824 DSC01819 DSC01820 DSC01838 DSC01818 DSC01836 DSC01835 DSC01833 DSC01827 DSC01828 DSC01831 DSC01824

ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА СО ВИДЕО ЗАПИС

Наставничките Лилјана Здравеска и Јулијана Талеска, со дел од учениците, членови на драмската секција беа реализатори на проектот „Школите во музеите и музеите во школите“ – проект финансиран од Минстерството за култура под иницијатива на Музејот на град Прилеп.

Театарската дружина доби второ место на училишниот натпревар во кој зедоа учество седум основни училишта од нашиот град и доби можност за видео запис на својот перформанс „Животот на село“.

Тој видео запис може да го видите овде.